Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Селективниот пристап на македонските медиуми во однос на Мицкоски се одвива како под „диктат“, се величаат „успесите“ на премиерот и се игнорираат прашањето за (не)менувањето на уставното име и изјавите на поддршка премиерот на нашата земја и ја дава на Украина.
Дека македонските медиуми, и тоа поголемиот дел од нив се управувани од еден центар на моќ, е одамна позната состојба, која се потврдува од ден на ден.
Најновата аквизиција на ПР тимот на премиерот е оркестрираната објава на македонските медиуми на само дел од гостувањето на Мицкоски во подкастот „Претрес со Ландов“ и тоа оној дел кога премиерот се фали дека под негова диригенска палка за првите 80 дена од Владата имаме покачени пензии, исплата на заостанати плати, субвенции, нови инвестиции…
Но затоа, македонските медиуми воопшто не го третираат делот од гостувањето во кое домаќинот го поставува прашањето „дали ќе не исфрлат од НАТО ако го промениме името“, на што премиерот одговара дека нема да не исфрлат, затоа што тој не знае и нема план како би го вратиле името, и бара доколку некој знае како да го вратиме името, да му каже.
Сосема спротивно на предизборните ветувања кога беше сигурен дека ќе го врати, за што ја доби довербата од многу гласачи. Сега, кога треба да испорача, одеднаш не знае како. Изгледа има заборавено.
Она што исто нема да го прочитатае во македонските медиуми, е изјавата на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски во видео обраќањето во рамките на Четвртиот самит на меѓународната иницијатива Кримска платформа кога премиерот, меѓу другото ќе рече: Мојата земја нема да ги признае нелегалните обиди за анексија на привремено окупираните територии. Драги украински пријатели, дозволете ми уште еднаш да повторам: мојата земја ќе остане покрај вас во овие тешки моменти, а ние ќе стоиме со Украина се додека тоа е потребно.
Во истото обраќање, кое беше игнорирано од речиси сите македонските медиуми (само 3 медиуми ја пренесоа објавата на ЦивилМедиа) тој повика и на враќање на територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи дека нашата земја ги почитува меѓународно признатите граници и ја поддржува Украина во меѓународните иницијативи како што е Кримската платформа.
И додека за тактиката со необјавување на признанието на Мицкоски за неуспехот да го оствари ветеното враќање на името и може да има некакво разбирање, поради чувствителноста на ова прашање кај сопствените избирачи , тогаш кому му служи криењето на поддршката која на Украина и ја дава Мицкоски и новата Влада.
Дали ова значи дека над домицилниот центра на моќ кој управува со информативните содржини на македонските медиуми, има друг, поголем центар на моќ, таму некаде, подалеку на исток.
Преземено: Цивил Медиа