ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ЕКСПЕРТИ: Падот на просечната плата може да има длабоки импликации врз животниот стандард и економската стабилност на граѓаните

September 24, 2024 10:40
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Падот на просечната плата од 1.000 денари во месец јули, според официјалните податоци, иако можеби не изгледа значајно на прв поглед, може да има длабоки импликации врз животниот стандард и економската стабилност на граѓаните, вели за „Фронтлајн“ Абил Бауш – универзитетски професор и економски аналитичар.

Според него, овој тренд сигнализира дека многу домаќинства ќе се соочат со потешкотии во задоволување на основните потреби како што се храна, сметки и основни услуги, бидејќи падот на платата директно влијае врз нивната куповна моќ.

Проф. Абил Бауш. Фото: Скриншот

– Тоа, исто така, укажува на пошироки економски предизвици како зголемената инфлација, која го намалува реалниот доход на граѓаните, или можеби неефикасни економски мерки кои не успеале да го стабилизираат пазарот на труд. Во вакви услови, секоја намалена парична сума ги засилува негативните ефекти на инфлацијата, бидејќи додека цените на основните потреби растат, доходите на граѓаните се намалуваат, создавајќи простор за продлабочување на нееднаквоста и сиромаштијата, вели Бауш во изјава за „Фронтлајн“.

Дополнително, додава нашиот соговорник, овој тренд би можел да влијае и на довербата на работната сила и да предизвика демотивација кај вработените, што долгорочно може да го успори економскиот раст, бидејќи намалениот стандард на вработените значи и помала продуктивност.

– Одговорноста за управување со ваквите ситуации е во рацете на Владата, која мора да размисли за итни мерки што ќе ги заштитат најранливите категории на граѓани. Тоа може да вклучува субвенции, зголемени социјални трансфери или поддршка за одржување на платите во високи инфлаторни периоди, како и стимулирање на капитални инвестиции кои долгорочно ќе доведат до зголемување на доходите и создавање нови работни места, подвлече тој.

Економскиот аналитичар Арбен Халили вели дека реално малку е неочекувано во пост-изборен период да има намалување на минималната плата.

Арбен Халили. Фото: РСЕ

– Во време кога граѓаните очекуваа да има намалување на цените, се случува токму спротивното – намалување на платите, и секако дека ова ќе подразбира помалку пари во џебот на граѓаните. Најнекоректен е фактот што имаме недоследност на политиките кои се спроведуваат во моментот, токму од економски и социјален аспект. Од една страна имаме замрзнување на маржата на одредени прехранбени производи, со намера дека временски ќе се заштитуваат граѓаните од високи цени на прехранбените производи, а од друга страна токму во ист временски период, самата влада им зема од џеб на граѓаните по 1.000 денари со намалување на просечната плата, изјави Халили за „Фронтлајн“.

Тој вели дека ако овој тренд продолжува и во следните месеци до крај на годината, се добива перцепцијата дека замрзувањето на маржата за одредени производи било само ад хок мерка за замаглување на негативните реакции од намалување на просечната плата.

– Сепак сакам да верувам дека следниот статистички извештај ќе биде по позитивен и дека трендот на зголемување на просечната плата ќе продолжи, но од економски гледна точка, ако од една страна вие замрзнувате маржа која има директно влијание врз функционалноста на бизнис заедницата, не може истата мерка да влијае позитивно во подобрување на животниот стандард на граѓаните, потенцира економскиот аналитичар.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар. Или за 1.000 денари помалку од платата во месец јуни кога изнесуваше 41.939 денари.

Дестан Јонузи

Прочитајте и…

Проф. Селими: Жално е што се намалува просечната плата кога потрошувачка кошничка се зголемува

Tags: Абил БаушАрбен ХалилиВладаминималма платапотрошувачка кошничка
Next Post

Кога партијата е над државата, прашање на време е кога ќе ја снема државата

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk