Седум новозаболени од корна вирус, петмина се тестирани на Инфективна клиника, двајца во Жан Митрев и нивните тестови ќе се повторат заради методите на проверка, изјави Венко Филипче на последната прес конференција.
-Денеска имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијаностицирани кои што ќе треба да се потврдат во. Утрово беа тестирани седум лица, негативни се резултати на тројца лица од Дебар, на двете лица чии резултати стигнаа од Штип и едно лице на инфективната во Скопје. Позитивни се резултатите на една пациентка во Скопје, има 54 години се вратила од Холандија, развила симптоми, и денеска се јавила на преглед на Инфективна, била во домашна самоизолација, според нејзиниот исказ, а во моментов се контактираат 31 лице кои биле со неа во авионот.
Владата донесе одлука за затворање на сите гранични премини и скопскиот аеродром за цивили.
Бројката на заразени пациенти кои се на Инфективната клиника е 14- рече Филипче.
Позитивна е жена на возраст од 54 години од Скопје која се вратила од Холандија. Се контактираат луѓето кои со неа допатувале во авион од Виена.
-Најдени се контакти од сите од семејството, контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито којшто ја возел од аеродром до дома- вели министерот.