Повеќе апел отколку информација. Ве молам не патувајте. Држави затвораат граници. Во овој кризен период оние кои имаат регулиран престој во друга земја, нека седат таму. Вие од тука не тргајте. Има луѓе кои се затечени, кои се заглавени на други граници, но ние немаме контрола над туѓите граници“, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
„Дури и за нашите граѓани кои се заглавени некаде и да пратиме нота за хуманитарен конвој, може државата чија е границата да не дозволи. ….Како што е случајот со Србија. Има и луѓе со деца заглавени со на меѓугранични премини. Пар во Њујорк, Виена, Загреб. Ние ќе направиме се што можеме, но немаме контроли на трети држави….Време е да седиме дома и да бидеме храбри. Крајно е неизвесно“, рече Димитров.
Тој кажа дека вечерва организирале група од 200 граѓани што биле заглавени, да дојдат преку Романија и Бугарија.