ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културни врски

September 27, 2024 14:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со својот унгарски колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, која е во дводневна посета на нашата земја, соопшти Министерството за култура и туризам.

Министрите Љутков и Ханко потврдиле дека оваа посета и денешната средба се уште еден значаен момент во развојот на билатералните односи меѓу двете земји, особено, како што рекле, за македонско-унгарска соработка во областа на културата и туризмот преку конкретни активности.

-Република Северна Македонија и Унгарија во наредниот период ќе отворат ново поглавје во развојот на културните врски меѓу двете држави и ќе настојуваме тоа да резултира со низа проекти и иницијативи. Ќе работиме на обновување и унапредување на соработката во областа на културата, на програмата меѓу надлежните државни органи, но и на документ за регулирање на соработката во областа на туризмот меѓу институциите од оваа сфера од двете држави, рекол Љутков по средбата.

Министерот информирал дека е заедничка заложбата културното наследство и актуелното творештво на двете држави да бидат повидливи пред јавноста, за што во наредниот период ќе се организираат денови на македонската и на унгарската култура. За таа цел ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка, со што ќе се овозможи континуирана промоција и преставување на културните институции во двете држави.

Тој ја поздравил и подготвеноста на министерот Ханко за споделување на унгарските искуства од реализацијата на манифестацијата „Веспрем – европска престолнина на културата за 2023 година“, како и за интензивирање на соработката меѓу двете канцеларии на програмата „Креативна Европа“.

Заклучоците од билатерална средба на министрите Љутков и Ханко биле презентирани и на заедничката седница на   владите на Северна Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Орбан и Мицковски ја поздравија соработката и дадоа силна поддршка за инвестирање во културата која, како што рекоа, е симбол на идентитетот и душата на секоја држава.

Next Post

(ВИДЕО) Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk