Либанскиот привремен премиер Најиб Микати изјави дека израелските воздушни напади принудија еден милион луѓе да ги напуштат домовите.
Тоа е најголемо раселување што може да се случи, посочи Микати.
Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 50 луѓе се убиени во вчерашните напади, два дена откако Израел го елиминира лидерот на Хезболах, Хасан Насрала во Бејрут.
Хезболах вчера потврди и дека во израелските воздушни напади убиени се у воениот командант Али Караки и високиот свештеник, шеик Набил Каук.
Додека траат воздушните напади врз Бејрут, Хезболах лансираше ракети врз северниот дел на Израел.