Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија, во оценката за првите 100 дена влада на Мицкоски вели дека станува јасно дека новата Влада сериозно го менува зацртаниот курс на државата, согласно веќе усвоените стратешки цели.
Заемот од Орбанова Унгарија, за кој кредибилни регионални медими пишуваат дека се работи за кинески пари, како и најавта за стратешка соработка со Орбанова Унгарија, дополнителното влошување на односите со Грција и Бугарија, како и најавата за влошување на меѓуетничките односи дома, јасно покажува дека новата Влада има намера во најмала рака да го замрзне европскиот пат на државата, изјави Хоџиќ за ЦивилМедиа.
Според него, можеби најголема симболика за 100 дена Влада има во најавата од градоначалникот на Куманово, г-дин Димитриевски, инаку трет партнер во Владата, за изучување на рускиот јазик во неговата општина, по средбата со амбасадорот на Русија.
Секако, во прилог на овие заклучоци оди и однесувањето на ВЛЕН, кои прашањето на Уставни измени и европските интеграции ги одложија на неодредено време, со аргументи кои во јавноста ги изнесуваше ВМРО-ДПМНЕ, смета Хоџиќ.
Претседателот на СДА подвлече дека 100 дена Влада не се доволни да се заборават изјавите на Таравари во кампањата, дека нема да прават Влада ако нема договор за Уставни измени и дека на првите седници ќе побара излегување од иницијативата “Опен Балкан”, која Еди Рама претходно со една изјава ја сруши.
Да ремизираме, од првите 100 дена нова Влада, јасно е дека нема европски интеграции, има нови караници со Грција и Бугарија, наместо САД нов стратешки партнер ни е авторитарната власт на Орбан, а остануваме сами во срушениот проект на Опен Балкан со Србија, вели на крајот од изјавата Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија.
М. Д. / Цивил Медиа