ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Енес Ибрахим, 100 дена ВЛАДА: Новата влада не донесе ништо позитивно за граѓаните, ниту за иднината на државата

September 30, 2024 15:24
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Енес Ибрахим – претседател на Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) во изјава за „Фронтлајн“, зборувајќи за првите 100 дена од коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ вели дека тие не донесоа ништо позитивно за граѓаните, ниту за иднината на државата.

– Првите 100 дена од новата влада, за жал, не донесоа ништо позитивно за граѓаните, ниту за иднината на државата. За време на предизборната кампања, Мицковски ветуваше многу, играјќи на популистичката карта и злоупотребувајќи го националниот сентимент на граѓаните. Веќе во првите 100 дена сме сведоци дека новата влада не само што нема да се обиде да го „врати“ името, туку и отворено го користи уставното име на државата. Покрај етничките Македонци, сметам дека и етничките Турци се изиграни и запоставени, бидејќи немаат претставници на ниту едно ниво во извршната власт, изјави Ибрахим за „Фронтлајн“.

Исто така, додава нашиот соговорник, големо разочарување е што во првите 100 дена односите со соседните земји драстично се нарушија, а основната стратешка цел – членството во ЕУ – станува сè подалечна.

– Очигледно е дека новата влада нема никакви европски аспирации, и повторно се враќаме на изолација која може скапо да нè чини. Загрижувачки е што агресивната реторика на претставниците на власта создава етничка нетрпеливост и тензии, кои дополнително ја загрозуваат стабилноста и кохезијата на нашето општество, подвлече тој.

Одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија е веста што ги заокружува првите 3 месеци од владата на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова.

Нема сигнали дека истите можат да се направат. ЕУ одлучи да отвори преговарачки кластери само со Албанија, додека за условите дадени на Северна Македонија, Мицкоски рече НЕ, благодарам, продолжувајќи да не го прифаќа договорот со Бугарија, а излегоа и со идеја за „француската предлог плус“. Од друга страна, непочитувањето на уставното име Северна Македонија, неколку пати го изнервира јужниот сосед Грција.

Откако беше формирана оваа Влада, Европскиот фронт го оспори легитимитетот на ВРЕДИ, бидејќи тие влегоа во Владата иако имаа помалку пратеници од нив. Но, алибито на ВРЕДИ за ова беше дека тие се единствената албанска опција.

Дестан Јонузи

 

Tags: 100 дена владаЕнес Ибрахим
Next Post

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk