ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Пезешкијан: Ракетниот напад е одлучен одговор на израелската агресија

October 2, 2024 09:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан синоќа го поздрави „одлучниот“ одговор против агресијата на Израел, по ракетниот напад врз Тел Авив како одговор на убиството на водачите на Хамас и Хезболах.

– Во согласност со легитимните права и со цел да се воспостави мир и безбедност во Иран и во регионот, беше даден одлучен одговор на агресијата на ционистичкиот режим, напиша Пезешкијан на Х и повика да не се влегува во конфликт со Иран.

Иранските Чувари на револуцијата, идеолошката армија на Иран, соопшти дека ракетниот напад што Иран го изврши врз Израел е одговор на убиствата на лидерите на Хамас и Хезболах.

Според соопштението, Израел бил нападнат како одговор на убиството на Исмаил Хание и Хасан Насралах, како и на Абас Нилфорушан, помошникот лидер на Чуварите на револуцијата, кој беше убиен во нападот на лидерот на Хезболах, Насралах.

Ова беше втор напад на Иран врз Израел во последните шест месеци, по нападот во април кога Техеран тврдеше дека дејствува во „легитимна самоодбрана“ по нападот во кој беше уништен конзулатот на Иран во Дамаск и убиени седум воени функционери, а кој му се припишува на Израел.

Чуварите на револуцијата соопштија дека истрелале десетици балистички ракети и биле насочени кон важни безбедносни и воени цели во Израел, прецизирајќи дека тие биле насочени кон три воени бази околу Тел Авив за време на операцијата.

We have the right to defend ourselves
”نصر من الله و فتح قریب “ pic.twitter.com/MwDf8Seiad

— Masoud Pezeshkian (@drpezeshkian) October 1, 2024

По тие напади, Иран го затвори аеродромот во Техеран за цивилната авијација.

Иран се закануваше дека ќе му врати на Израел по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Хание на крајот на јули во Техеран, што му се припишува на Израел.

Чуварите на револуцијата соопштија дека постапиле во согласност со Повелбата на ОН и по „период на воздржаност“ откако беше нарушен суверенитетот на Иран по атентатот на Хание во Техеран.

Водачот на Хезболах Хасан Насралах беше убиен во петокот во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут, упориште на шиитското движење финансирано од Иран. Во тој напад беше убиен и иранскиот генерал Абас Нилфорушан.

Tags: израелска агресијаПезешкијанракетниот напад
Next Post

Волц и Венс ги спротивставија политиките на потпретседателската дебата

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk