ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бербок: Израел има право на самоодбрана од насилството на Хамас и ракетниот терор на Иран и Хезболах

October 6, 2024 10:51
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, го нарече нападот на палестинското движење Хамас врз Израел клучен момент и во еврејската и во германската историја, а, исто така, изјави дека се срами од антисемитските напади што се случуваат на улиците на Германија, јави ДПА, пренесе МИА.

Во авторски текст за денешното издание на весникот „Билд ам Сонтаг“ (Bild am Sonntag)  германската министерка за надворешни работи напиша дека масакрот од 7 октомври 2023 година од страна на Хамас ги подели времињата, и за Евреите и за Германците, на „пред и потоа“.

Таа изрази вознемиреност што оттогаш Евреите, вклучително и во Германија, се чувствуваат помалку безбедни и дека антисемитските напади се зголемени, а иранскиот ракетен напад од оваа недела врз Израел се слави на германските улици.

„Ние се спротивставуваме на ова со целосна сила на законот“, нагласи Бербок.

Шефицата на дипломатијата додаде дека безбедноста на Израел е дел од националните интереси на Германија.

„Израел има право на самоодбрана од насилството на Хамас, како и од ракетниот терор на Иран и Хезболах“, додаде таа.

На 7 октомври терористи од палестинската исламистичка група Хамас и други екстремистички организации убија повеќе од 1.200 луѓе во Израел и киднапираа околу 250 други како заложници во Појасот Газа. Ова доведе до војната во Газа, во која се проценува дека досега се убиени околу 42.000 Палестинци, од кои околу една третина се деца и млади.

Конфликтот меѓу Израел и либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, исто така ескалира во последните недели. Постојат стравувања дека целиот регион може да биде вовлечен во катастрофална војна.

Tags: БербокизраелИранХамасХезболах
Next Post

Во Скопје се одржува 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски маратон

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk