ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тајната комуникација на Трамп со Путин и други поенти од новата книга на легендарниот Боб Вудворд

October 15, 2024 14:29
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Рано утринава ја слушнав долгоочекуваната нотификација од Амазон, кога во мојот Киндл слета новата книга од легендарниот новинар Боб Вудворд, „Војна“ (“War” – Bob Woodward).

Книгата, уште пред да се појави, предизвика силни бранувања, а посебно нервозна беше реакцијата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп.

Авторот открива дека кога Трамп беше претседател во 2020 година, тајно му испратил уреди за Ковид-тестови на Путин во време кога целиот свет се соочуваше со осакатувачки недостиг од сè што беше поврзано со пандемијата. Книгата открива дека Путин бил смртно преплашен од болеста и со олеснување го примил подарокот од Трамп. Притоа, пишува Вудворд, Путин го предупредил да не кажува никому за подарокот, не поради него, туку поради можните политички последици по Трамп, кој на тоа реагирал со зборовите “не ми е гајле“.

Трамп и неговиот тим во кампањата веднаш побрзаа да ги негираат наводите во книгата. „Тој е раскажувач. Лош. И ги изгубил кликерите. Ниту една од овие измислени приказни на Боб Вудворд не е вистинита“, изјави Трамп во обид да го дискредитира Вудворд, пренесе Си-Ен-Ен. Не е првпат Трамп дрско да ги негира фактите. Кремљ се огласи веднаш потоа со потврда дека наводите во книгата се точни, пренесе Ен-би-си.

Што се однесува до „љубовта“ меѓу Трамп и Путин, во книгата се открива дека тие двајца разговарале дури седум пати откако Трамп ја напушти Белата куќа во 2021 година. За контакти од овој тип, постојат строги протоколи. Но кога законите и протоколите биле проблем за Трамп!?

Овие скандалозни откритија сигурно ќе имаат влијание на рејтингот на Трамп, на само три недели пред неизвесните претседателски избори во САД. И уште еднаш ја потврдуваат моќта на новинарите во светот. Книгата ќе ја читам со внимание и секако ќе споделам и други интересни моменти од неа.

Збор-два за авторот Боб Вудворд. Тој е легендарен новинар, два пати е добитник на престижната Пулицерова награда. Роден е во Женева, Илиноис, во 1943 година. Студирал историја и англиски јазик на универзитетот Јејл. Пет години бил маринец во американската војска во 60-те години од минатиот век.

Неговата новинарска кариера започнува во 1971 година во Вашингтон Пост, каде што и денес е дел од уредувачката екипа. Неговата новинарска работа му донела непријатели на самиот почеток. Тој бил под постојани напади од тимот на Никсон и Републиканците, меѓу другото, и дека неговите написи се „озборувања, инсинуации, вина по асоцијација.“ Наспроти сите напади, закани и притисоци, 30-годишниот Вудворд во 1973 го добива својот прв Пулицер за своите извештаи за аферата Вотергејт. Вториот Пулицер го добива во 2003 година како водечки репортер за терористичките напади на 11 септември 2001. Автор и коавтор е на 21 книги од кои повеќето се бестселери, а дури 12 од нив се наоѓаат на првото место од најпродаваните книги во САД.

Еден друг новинарски великан, Боб Шифер (Си-би-ес), во 2004 година рече: „Вудворд се етаблира како најдобар известувач на нашето време. Тој можеби е најдобриот известувач на сите времиња“.

Куриозитетна е и ставот на Роберт Гејтс, поранешен директор на ЦИА и секретар за одбрана, кој во 2014 година призна дека посакувал да го регрутира Вудворд во ЦИА. Гејтс за Вудворд вели дека „тој има извонредна способност да ги натера инаку одговорните возрасни да ги истурат [своите] црева пред него… неговата способност да ги натера луѓето да зборуваат за работи за кои не треба да зборуваат е извонредна и можеби е единствена“.

Можам да набројувам уште многу изјави и квалификации за Вудворд, но можеби е подобро да ве оставам и вие да откриете нешто повеќе за овој новинарки џин. И, се разбира, да ја прочитате книгата.

Џабир Дерала / Цивил Медиа

Next Post

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но додека тоа не се случи, Скопје мора да ги почитува компромисите

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk