Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) по денешниот вонреден состанок соопшти дека, и покрај заканата од пандемија на корона вирусот, засега нема да носи никакви драстични одлуки во врска со терминот за одржување на Летните олимписки Игри во Токио.
Олимпијадата во Токио треба да се одржи од 24 јули во 9 август за што ИОК најави можност само за промена на квалификациите во сите спортови.
„Се подготуваме дека Игрите ќе почнат за четири месеци, но ситуацијата со корона вирусот ја следиме од ден во ден“, велат од ИОК.