ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Османи за жртвите на сексуалното насилство во војната во Косово: Нема правда без да одговараат злосторниците

October 16, 2024 15:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека потрагата по правда не треба да престане за жртвите на сексуалното насилство за време на последната војна во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната конференција организирана од Косовскиот центар за рехабилитација на преживеаните од тортури (ЌКРМТ/QKRMT), Османи истакна дека оваа борба бара извонредна истрајност и храброст.

Мораме да се бориме историјата да не се повтори. Неправдите никогаш не треба да се премолчуваат и не смеат да се остават неказнети одговорните за сторените злосторства. Затоа нашата заедничка борба мора да биде за правда. Оваа борба бара извонредна истрајност и храброст, рече Османи.

Таа го посочи примерот на актуелната пратеничка во Собранието на Косово, Васфије Красниќи, која била силувана од припадници на српските сили во војната во 1999 година, за која рече дека е силен и храбар глас на преживеаните од сексуалното насилство.

– Васфија успеа да го пренесе силниот и храбар глас на преживеаните во Косово и во светот. Ви благодариме што оваа болка на Косово ја претворивте во порака за свесност. Успеавте секаде во светот да докажете дека никогаш не успеаја оние кои мислеа да го обесчестат Косово, затоа што вие сте самата гордост и чест на Косово. Нашата поддршка за вас нема да престане, туку ќе се зголемува и ќе продолжи, изјави Османи.

Премиерот Албин Курти, кој исто така учествува на конференцијата, рече дека, и покрај траумата, преживеаните покажале сила да изградат нов живот. Тој додаде дека поддршката од Владата за оваа категорија ќе продолжи.

– И покрај неизбришливите трауми, преживеаните покажаа сила да изградат нов живот. Како држава и општество одиме напред, додека продолжуваме да работиме на справување со минатото… Почнавме процес на документирање на злосторствата за време на војната во Косово. За да се гарантира родовата чувствителност во овој процес, среќни сме што се ангажира г-ѓа Шихрете Тахири Силејмани (претседателка на ЌКРМТ). Со цел што повеќе да се олесни процесот на аплицирање за признавање на статусот (жртви на сексуално насилство), Владата ќе продолжи да ги поддржува овие организации, рече Курти.

Tags: војнажртви од сексуално насилствоКосовоОсмани
Next Post

Бекер: Синер и Алкараз се идните Ѓоковиќ и Федерер

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk