Октомвриската супермесечина, третата од четирите во 2024 година и најголемата во годината, беше видлива преку облачното небо на 17 октомври 2024 година.
Месечината орбитира околу Земјата на просечно растојание од околу 384.600 километри, но раздвојувањето варира: на перигејот, Месечината е оддалечена 363.300 km, а во најоддалечената точка (наречена апогеј), таа е оддалечена 405.500 km од Земјата. Супермесечините се случуваат кога полната месечина е блиску до перигеј. За време на супермесечината, Месечината изгледа околу 14% поголема од просечната полна месечина, но ако некој не ги следи полните месечини многу внимателно, тешко е да се види разликата, пренесува Space.
View this post on Instagram
Полната месечина е секогаш спроти сонцето во вселената. Значи, сите полни месечини изгреваат на исток околу зајдисонце. И сите полни месечини заоѓаат на запад околу изгрејсонцето.
View this post on Instagram
Следната полна месечина ќе биде на 15 ноември, оваа исто така ќе биде супермесечина.
Подготви: Б. Т.