ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Дискусии на ЕСС за минималната плата откако Предлог-буџетот ќе биде вратен со забелешките и амандманите на пратениците

October 25, 2024 12:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога ќе биде вратен Буџетот од првичната собраниска расправа со забелешките и предлозите по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе бидат разгледани ставките за раст на платите оваа и идната година, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Според министерот за економија Бесар Дурмиши, барањата на синдикалците, како зголемувањето на минималната плата, ќе се стават на дневен ред наредниот период и ќе се дискутира дали има можности за нејзно зголемување.

-На последната седница на Економско-социјалниот совет добивме ветување од премиерот и министерот за економија дека по поминувањето на првичниот филтер во Владата и на собраниската комисија, кога ќе го вратат Предлог-буџетот со забелешки и предлози по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница  на Економско-социјалниот совет на која ќе ги гледаме ставките за раст на платите кои треба да се случат и годинава и наредната година. Лично ме охрабрува тоа што реториката од „нема, нема, нема“, полека се изнаоѓаат средства за раст на платите во секторите кои годинава не добија плата. Растот на минималната плата треба да биде предвиден во новиот буџет, но ќе треба да се предвидат средства и оваа година доколку се случи тоа што е можно поскоро, зашто животот на граѓаните станува се поскап па тешко е да се преживее со 370 евра кога синдикалната кошничка е преку 1 000 евра, изјави Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања пред одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа.

Дурмиши е дециден дека зголемување или намалување на минималната плата во вонредна состојба може да се дискутира и дебатира само во рамки на Економско-социјалниот совет, меѓу синдикатите и работодавачите.

-Пред две недели е формирано ова тело и во наредниот период нивните барања ќе се стават на дневен ред, како што е минималната плата и ќе се дискутира дали има можности или не, за нејзно зголемување. Донесувањето ад-хок одлуки за зголемување на минималната плата во вонредна состојба не ја регулира економијата, рече Дурмиши.

На прашањето како го коментира Предлог-законот за зголемување на минималната плата што го поднесе СДСМ, Дурмиши одговори дека претходната власт ја остави економијата во катастрофална состојба. Порача и дека „имаат повеќе работа во својата партија, отколку да се занимаваат со минималната плата“.

-Тие ја оставија економијата во катастрофална состојба заедно со ДУИ. Мислам дека имаат повеќе работа во својата партија, отколку да се занимаваат со минималната плата. Ние ја добивме довербата од граѓаните, во наредниот период треба да мислиме и на продуктивноста на работниците, па потоа и за покачување на минималната плата за сите граѓани, подвлече министерот.

Tags: ЕССминимална плата
Next Post

Писонеро за Нова: Изјавата на Фон дер Лајен е јасна и повторно ве упатуваме на обврската

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk