Во атарот на штипското село Пиперово вчера пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.
Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот вчера, и извршен е увид на лице место од страна на полицијата и јавен обвинител.
Повеќе детали се најавуваат за денеска. Телото на починатиот ќе се предаде на обдукција.