Пет лица загинаа кога мал авион се урна по полетувањето од аеродромот во Феникс и удри во возило, соопшти американската полиција.
Американските медиуми пренесуваат дека авионот се урнал вчера при полетување од аеродромот Фалкон Филд во Меса, недалеку од Феникс, во американската сојузна држава Аризона, се наведува во соопштението на локалната полиција.
Лесниот авион Хонда ХА-420 удрил во возило пред аеродромот во 16 часот и 40 минути по локално време, соопшти американската Федерална управа за авијација.
Потврдено е дека пет лица загинале на лице место, соопшти полицијата.
Властите објавија дека во авионот имало пет лица, но не прецизираа дали сите загинале или дали меѓу жртвите имало и некој во возилото во кое удрил авионот, наведуваат американските медиуми.
Засега нема подетални информации за овој инцидент, а истрагата од американските надлежни органи е во тек.