Палестинскиот лидер Махмуд Абас му честиташе на Доналд Трамп за неговата победа на претседателските избори во САД, изразувајќи уверување дека ќе ги поддржи „легитимните аспирации“ на Палестинците за државност.
„Уверени сме дека САД под ваше водство ќе ги поддржат легитимните аспирации на палестинскиот народ“, рече Абас во изјавата што ја пренесе официјалната новинска агенција, потврдувајќи ја, како што ја нарече, палестинската посветеност на „стремежот на слобода, самоопределување и државност, во согласност со меѓународното право“.