Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Слушам на вести на државната полу партиска тв, репортерот во живо од терен со набабрени вратни жили со трема видлива и со микрофонот тик до премиерот залепен, одговорно е тоа, не е шега, мора автентично да се пренесе премиеровата порака, ако треба дури малку од малку и редакциски и да се поднашминка, но да баталам тоа, темата е премиеровото толкување на изјавата на Словенката Кос, кандидатка за еврокомесарка за проширување која пред европските испитувачи на прашање на бугарски евро провокатор рече дека за земјава да почне преговори државава ќе треба да го спроведе ЕУ условот уставен на што премиерот на Нашата уверува дека таа тоа морала да го каже за да добие бугарски глас за да стане ЕУ министерка па, па еве, да се обидам да прогнозирам дека Кос, а не нашиот премиер, е во право колку тоа на авторот на оваа една реченица и да не му се допаѓа но големата дилема е дали премиерот онака лефтерно од времето предизборно наваму по инерција уште горделиво си ја турка својата анти ЕУ агенда или навистина не разбира што тоа сосема јасно и без милиметар простор за отстапки од Рамката му порачуваат од ЕУ и, оттука, камо среќа да е првото зашто ако е второто тогаш и Нашата и сите ние во неа имаме – гооолем проблем.