ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ахмети загрижен за Охридскиот договор: Курти да ја пренесе загриженоста на Албанците од Македонија до Мицкоски

November 18, 2024 10:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети смета дека владата на Косово не треба да молчи за загриженоста на Албанците во Северна Македонија. Ахмети ја повикува косовската влада да разговара со премиерот на Северна Македонија за проблемите на Албанците во државата.

Тој изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, по иницијативите за укинување на некои одредби од Законот за употреба на јазиците.

– Упатив повик, апел до Владата на Косово да ја пренесе загриженоста на Албанците од Македонија до премиерот на Северна Македонија и апелирав до сите политички партии во Косово да ја разгледаат загриженоста кон Албанците од Северна Македонија, за обидите за промена на Законот за јазиците, промената, суштината на Охридскиот мировен договор и се надевам дека овој апел ќе стигне до ушите на државните институции, но и до лидерите на политичките партии на Косово за да тие не се рамнодушни…, истакнал Ахмети.

Според него, во Северна Македонија, политичките случувања не ветуваат никаква стабилна перспектива, бидејќи имаше неколку иницијативи за промена на Законот за албанскиот јазик, што оваа иницијатива ме потсетува на 1989 година кога Милошевиќ ја потисна автономијата на Косово, што не е добро за Македонската заедница и Албанците…

– Суштината, сржта на Охридскиот мировен договор е засегната од измените за кои се тврди дека се прават на законот и употребата на албанскиот јазик во Република Северна Македонија, етничката припадност е отстранета, што е и дел, суштината на Охридскиот мировен договор, бидејќи без етничка припадност и декларирање на етничката припадност, може да има десетици причини зошто Албанците не се професионално подготвени и се оставени да бидат маргинализирани, всушност доминација на мнозинството се инсталира над втората албанска заедница во Северна Македонија и овие случувања се загрижувачки за нас, рече Ахмети.

По повиците на Ахмети, реагираше претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), Мемли Красниќи.

Красниќи нагласува дека на агендата на меѓувладината средба меѓу владите на Косово и Северна Македонија не биле вклучени клучни прашања.

Понатаму, лидерот на ДПК, Мемли Красниќи, ја повика Владата на Косово да бара одговорност од Северна Македонија за ветераните на ОВК и за албанскиот јазик.

Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во за косовската државна телевизија, одговори на обвинувањата на Али Ахмети дека актуелната власт ја загрозува употребата на албанскиот јазик, правична и соодветна застапеност на Албанците и воопшто Охридскиот договор.

– Сите овие обвинувања се промашување на половичното работење оставено на Али Ахмети и неговите министри, кои го направија албанскиот јазик проблематичен во венецијанската комисија, негативните мислења за „балансерот“ ги пишуваа неговите министри. Се обидува да создаде погрешна перцепција. Иако децентрализацијата е важен столб на Охридскиот договор, Македонија остана најцентрализирана држава во регионот, изјави Меџити.

Познавачи на политичките збиднувања во земјата и политички аналитичари имаат различни мислења за наодите на Ахмети. Едни велат дека тој има право, а покрај земјите од регионот треба да реагира и меѓународниот фактор на, како што велат, „загрозувањата на правата на втората по големина заедница во државата“. Додека други сметаат дека Ахмети имал доволно време откако е на власт да ги затвори овие прашања. Во меѓувреме, ДУИ на Али Ахмети за истатат загриженост побара реакција и од меѓународниот фактор.

Владите на Северна Македонија и на Косово денеска во Приштина ќе одржат заедничка седница. Првата заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово беше одржана во Скопје на 16 септември 2021 година. Тогаш беа потпишани 11 договори и меморандуми за соработка.

Дестан Јонузи

Tags: Албански јазикАлбин КуртиАли АхметиВладаМемли КрасниќиОхридски договорХристијан Мицкоски
Next Post

Пропадна „митот“ за „супериорност на ВМРО-ДПМНЕ во економијата“

НАЈНОВО

Габриела Илиевска од „Поинаку“ ќе се кандидира за градоначалничка на Битола

August 18, 2025

Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи

August 18, 2025

Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk