ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиера на претставата „Земја на штркови“ во Охрид

November 18, 2024 13:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Театар Провокација – Скопје

Фото: Театар Провокација – Скопје

Share on FacebookShare on Twitter

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Земја на штркови“. Работена е по мотиви од текстот „Топлината во ноември“ на Јана Добрева, а во режија на Роберт Ристов, кој се потпишува и зад адаптацијата и сценографијата на „Земја на штркови“.

Од Театар Провокација – Скопје информираат дека „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината. Дејствието на претставата се одвива во Охрид и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од земјава. Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини.

-Ги поставува прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до кое дереџе сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!, се вели во соопштението.

Во претставата играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски. Продукцијата е на Театар Провокација – Скопје. Автори на музиката се Оливер Јосифовски и Давор Јордановски. Вокал е Вера Милошевска, а кореографијата е на Кренаре Невзати – Кери. Костимите се креација и спонзорство на Елена Лука.

Претставата е делумно поддржана од Општина Охрид и од неколку општествено одговорни македонски компании и медиумски покровители.

Следните изведби на претставата се на 22 ноември 2024 година во Свети Николе, на 26 декември во Пробиштип, на 6 декември во Велес, на 10 во Охрид (реприза), а на 11 декември премиерно во Скопје, во Младинскиот културен центар. Изведбите почнуваат во 20 часот.

Tags: „Земја на штркови“Охридпретстава
Next Post

Од бесплатен – до никаков јавен превоз!

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk