ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

О2 Иницијатива: Во предлог Буџетот за 2025 година нема средства за конкретни мерки за намалување на загадувањето

November 19, 2024 18:50
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Предлог-Буџетот на РСМ за 2025 е во собраниска расправа. Ова е прва година да не поднесеме навреме наши предлози за измени на Буџетот за 2025 година во областа на животна средина, од причина што никој од пратениците не нè извести навреме, а кога сами увидовме, рокот за поднесување на амандмани веќе беше изминат, велат од О2 Иницијатива.

Ова е чекор наназад во соработката со пратениците, како наши претставници во Собранието, од кои зависи носењето на Буџетот и кои амандмани ќе се усвојат, а кои не.

„За добивање на овие средства општините треба да аплицираат со проекти до надлежните министерства. Од МЖСПП за оваа намена се одвоија 9,9 милиони евра во 2024, а за 2025 се планирани 7,8 милиони евра. Наша претпоставка е дека овие проекти во најголема мера ќе бидат за изградба на водовод и канализација“, објаснуваат оттаму.

Инфографик: „О2 Иницијатива“

Организацијата реагира дека никој од пратениците не ги известил навреме за рокот за поднесување амандмани за Предлог-Буџетот на Македонија за 2025 година, истакнувајќи дека ова е прва година да не поднесат навреме предлози за измена на Буџетот во областа на животна средина.

„Ова е чекор наназад во соработката со пратениците, како наши претставници во Собранието, од кои зависи носењето на Буџетот и кои амандмани ќе се усвојат, а кои не. Ние сепак поднесовме наши предлози за измена, кои се надеваме ќе се предложат и усвојат како комисиски предлози на Комисијата за финансирање и буџет. Овие предлог измени се скоро идентични како тие од минатата година, кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како тогашна опозиција ги предложија. Сега како партија на власт со мнозинство во Собранието, се надеваме дека истите ќе ги инкорпорираат во предложениот Буџет за 2025, зошто средства за бараните намени во Буџетот за 2025 нема“, нагласуваат од еколошката организација.

Како што појаснуваат оттаму, главни црти на Буџетот за 2025 од аспект на заштита на животна средина се 1.36% планирани средства за заштита на животна средина, односно 103,4 милиони евра – „рекордно досега“.

„Средствата, иако се голем исчекор од минатото, особено во споредба со годините пред 2024, се помалку во однос на собраните даноци за животна средина и би требало да се дупло повеќе“, сметаат од „О2 Иницијатива“.

Понатаму, наведуваат дека 90% од средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), односно 77,8 милиони евра се наменети за капитални расходи, односно за давачки на институциите за трајни добра како патишта, училишта, болници, водоводи и друго.

Инфографик: „О2 Иницијатива“

Понатаму во соопштението, „О2 Иницијатива“ потсетува дека во Македонија годишно има над 3.800 смртни случаи поради загадувањето со PM2.5 честичките, што е 17.7% од вкупната смртност во државата. Секој деветти смртен случај кај новороденчињата, истакнуваат, е поврзан со загаден воздух.

„Средства за конкретни мерки кои ќе го намалат аерозагадувањето не најдовме во буџетот за 2025. Нема средства за намалување на загадувањето од начинот на греење на јавните установи, домаќинствата, сообраќајот. Министерот за здравство Таравари изјави дека 10 болници во текот на 2025 ќе го променат начинот на греење, но средства за оваа намена нема во буџетот“, истакнуваат од организацијата.

Според нив, во Буџетот за 2025 година нема доволно средства за купување на мерни инструменти за континуирано работење на мониторинг станиците за квалитет на воздух, а тврдат и дека во моментов 29 вакви инструменти не работат.

„Секоја година се повторува истото сценарио, нема доволно резервни инструменти на лагер за да се заменат старите и тие што се расипуваат. Континуиран мониторинг на квалитетот на воздухот е неопходен за да се прати аерозагадувањето, преземат мерки при негово надминување и извршат потребните анализи“, додаваат тие.

Инфографик: „О2 Иницијатива“

Исто така, потенцираат и дека нема континурано мерење на тешки метали во воздухот барем на едно мерно место, согласно законските обврски, а велат дека нема ниту средства за оваа намена во буџетот. Нивните предлози за амандмани, појаснуваат, се токму во овие насоки.

Дополнително, од иницијативата информираат и дека управувањето со отпад – процесот на воспоставување на системи за управување со отпад за сите 7 плански региони, со депонии во Мечкуевци, Русино, Мегленци и Доброшинци е започнат од претходната влада со обезбедување на средства од ИПА, Швајцарска влада и ЕБОР и е во различна фаза за секоја од овие депонии/плански региони.

„Но, за скопскиот плански регион државата нема предвидено средства за стандардизирање на Дрисла и развивање на системот за управување со отпад, иако овој регион учествува со 46% од БДП (2022 година). Нашите предлози за амандмани се наменети за скопскиот плански регион и Дрисла, каде е потребно сериозно вложување за да се добие еден современ одржлив центар за управување со отпад, кој жителите го заслужуваат со учество во скоро половина од БДП-то на државава“, наведуваат оттаму.

Инфографик: „О2 Иницијатива“

Понатаму, посочуваат дека во Буџетот нема средства ниту за целта на државата за учество на обновливи извори на енергија во производство на електрична енергија, која е хидроцентралите (се мисли на големите) да сочинуваат 66% од производството на електрична енергија до 2030, имајќи предвид дека енергијата од ветрот и сонцето е нестабилна, за што е потребно балансирање на системот.

„Во однос на овозможување на индустријата да го замени јагленот, мазутот и слично со гас, потребно е да се донесе гасот до неа. За гасификација предвидени се само 1,8 милиони евра. Средства за најавените когенеративни централи на гас исто нема во буџетот“, информираат до „О2 Иницијатива“.

За загдената почва и подземните води, наведуваат дека од жешките точки започнато е чистењето на „Охис“ од претходната влада, но „оди многу побавно од предвиденото“. Исто така, според нив е потребно мобилизирање на средства за чистење на големата депонија и „Пеленица“.

„Давање на концесионири за чистење на ‘Лојане’, згурата од топилница Велес, не даде со резултат и потребно е државата да вложи и ги исчисти овие жешки точки на најсоодветен начин во најбрз можен рок. Исто и со депонијата на ‘Југохром’, од која водата од Рашче е загрозена и другите жешки точки. Средства за оваа намена во буџетот за 2025 нема“, реагира еколошката организација.

Tags: Буџет 2025ЕкологијаО2 иницијатива
Next Post
Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Цел свет ѝ честиташе на Шекеринска, но не и македонскиот државен врв

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk