ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

November 21, 2024 14:55
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Петер Стано

Петер Стано

Share on FacebookShare on Twitter

Извештаите дека Русија употребила интерконтинентална балистичка ракета за напад врз цел или цели во Украина, претставуваат јасен сигнал за понатамошна ескалација на конфликтот од страна на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Тој започна со предизвикување прехранбена и енергетска криза, сега се повеќе и повеќе се обидува да игра со гладот и зимата, а тоа што со дронови, бомби и проектили ја таргетира енергетската и цивилната инфраструктура во Украина, е јасен показател на желбата за ескалација и тероризирање на населението, рече Стано.

Според него, Путин повторно игра на картата на нуклеарна закана со неодамна ажурираната нуклеарна доктрина на Русија, а дополнително на европско тло повика и севернокорејски војници.

– Се ова се јасни сигнали за желба за ескалација, а не за желба за изнаоѓање пат кон мирот. Секако, употребата на интерконтинентална балистичка ракета би била уште една квантитативна и квалитативна промена во пристапот и јасен сигнал за ескалација, додаде Стано.

Во одговор на прашање дали нападот со интерконтинентална балистичка ракета врз Украина може да се смета како сигнал на Москва до Брисел и ЕУ, Стано истакна дека секој чекор од страна на Русија со илегалната агресија врз украинскиот народ е порака до Украинците, Американците, Европејците и до целата меѓународна заедница дека Путин е непредвидлив агресор, кој патем е баран за можни воени злосторства од страна на Меѓународниот кривичен суд.

– Тоа е и сигнал што тој мисли за ескалацијата и за мирот. Да, секако, дека тоа е навистина многу јасен сигнал, чие значење веројатно и очигледно му е познато само на неговиот автор. Но, ние во тој сигнал гледаме и читаме каква е неговата подготвеност за постигнување мир, а таа е никаква, додаде Стано.

Запрашан дали на користењето на интерконтинентална балистичка ракета може да се гледа како на прв чекор кон нуклеарен напад, Стано одговори дека Путин игра на картата на нуклеарната закана цело време од почетокот на агресијата врз Украина.

– Тоа започна со заземањето и воените операции во околината и во објектите на најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа во Запорожје. Да не заборавиме, таа е се уште окупирана од руските војници, кои одвреме-навреме се доведени во ситуација да се борат многу блиску до оваа нуклеарна постројка, нагласи Стано.

Тој додаде дека сега Русија дополнително покренува прашања и за нуклеарна доктрина и нуклеарна одмазда.

– Дали навистина го мислат тоа е многу тешко да се предвиди. Не можеме да видиме што е во нивните глави, но знаеме дека ова е неодговорно однесување и претставува глобална закана не само за стабилноста, туку и за безбедноста и тоа не само на Европа, туку и на светот, потенцира Стано.

Next Post

Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти како катната гаража во Капиштец

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk