Повеќе од 130 лица загинаа во судири меѓу сириските владини сили и џихадистички групи во северниот дел на земјата, објавува Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон.
Џихадистите од Хајат Тахрир ал Шам вчера започнаа „операција“ против територии под контрола на сирискиот режим во провинцијата Алепо.
Во борбите, кои се одвиваат на околу 7 километри од градот Алепо, загинаа 132 лица, меѓу кои 65 џихадисти, 18 борци од сојузнички групи и 49 припадници на силите на режимот, наведува мониторинг-центарот.
Сириското Министерство за одбрана соопшти дека спречило „голем напад“.