ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Масите се разочарани, смрзнати, осамени и – луди!

December 7, 2024 13:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

За суштината на мислењето на новото доба, кое долго се претставуваше со наивното име просветителство и со уште понаивниот програмски израз прогрес, решавачко е следното движење: во типичниот исчекор напред, интелектот секогаш се пробива од пештерата на човековата илузија во не-човечката надворешност.

Пишува Слотердијк.

Ко да зел изјава од мене.

Уште од времето на Коперник луѓето го загубија космолошкото средиште и во склад со тоа тие беа внесени во времето на прогресивното децентрирање.

Човекот и неговиот свет ја загубија својата централна позиција.

Заедно со средишната позиција на својата татковина во целата вселена, граѓаните на новото време ја загубија и утешната илузија за тоа дека Земјата е вткаена во сферни лакови како во некаква топла небеска наметка (Слотердијк).

Кај нас тој процес на микро ниво се случи прво со распаѓањето на Југославија, а потоа и со внатрешното уривање на кровот на новата куќа во форма на независна Македонија од страна на вмро-дпмне. Се разбира и другите кршеа по некоја ќерамида, но битната разлика е во тоа што уривањето на вторите беше последица на нивните дејанија, а кај вмро тоа беше цел.

Затоа што тие македонската куќа ја доживуваа како туѓа и исполнета со зли духови кои не му даваат на Македонецот шанса да се размавне.

Понеже е направена не само без вмро туку и против вмро и неговите основни принципи.

Хахаха!

Од тоа време луѓето мораа да научат како да егзистираат како срж без лушпа.

Како цефалоподи.

Мекотели.

Откако времињата станаа нови постоењето во светот значеше и значи дека морате цврсто да се фатите за работ на Земјата и да се молите земјината тежа да постои – и од другата страна на закрилата и лушпата.

Да не би непознатата и бескрајна вселена да им тресне на главите.

Обездуховените маси ненадејно се најдоа на отворено, а да не им е објаснета смислата на тоа изместување.

Добро, на нас во Македонија ни беше објаснето дека на земско ниво нашата лушпа Југославија е растурена и дека треба да се радуваме што од независноста на малиот бантустан ќе направиме нова лушпа.

Но, како што може да се забележи, од тоа не испадна ништо.

Масите се разочарани, смрзнати и осамени, се облекуваат во сурогати на старите слики на светот се додека се чини дека тие слики во себе чуваат нешто од чувството на топлината на оние стари илузии за опфатноста.

Кога тие го опфаќале светот или макар видливата надворешност, а не светот нив.

Во времето без лушпа и без ориентација во просторот модерните луѓе се совладани од сопствениот напредок и мораат масовно да бидат луди луѓе.

Лудоста стана нормална.

И егзистенцијално императивна.

Егзистенцијалистичката модерна покажа зошто на човекот помалку му е важно да знае кој е, отколку каде е.

Освен за човекот на кој му рекле дека е Македонец. Или тој е убеден дека е тоа.

На тие човеци им е поважно да бидат Македонци во пасошите отколку дали живеат во септичка јама, диктатура на идиотите или во хаосот на сеопштиот распад.

Се додека баналноста става точка на интелигенцијата, луѓето нема да се заинтересирани за местото кое се чини дека им е дадено и своите претстави ги фиксираат на лажливите отсјаи што им лебдат пред очите- за своето име, идентитетот, професијата.

Постои зловолна неспремност да се согледа онтолошката ситуација.

Триесет, ако не и цели педесет години се обидувам да ги соочам Македонците со онтологијата на нивната ситуација и – ништо.

Тие мислат дека јас сум луд!

Луди луѓе, што да се прави.

Сакам да кажам дека ние сме содржани во оваа дефиниција без остаток. Нестварната баналност во Нордот става точка на плитката интелигенција и Македонецот многу лесно влегува во будни сомнамбулија во кои си го бара името, идентитетот, историјата… секој момент во таа потрага може да падне од терасата на Историјата и од новото време.

Таа зловоља денеска ги покренува сите облици на забрзани животни прогони, на граѓанската незаинтересираност, на анорганската еротика.

Таа своите актери ги тера  самите себе да се сведат, ситносметкаџиски, на низа ставки во сметката; стрвливите на овие последни денови, повеќе не прашуваат каде се, се додека некаде можат да бидат.

Мацедонише цуштенде.

Вморонските бордер коли ги собираат во антиевропско трло без да бекнат.

Пред кланицата на БРИКС!

Културата на животот не им значи ништо во однос на инстинктот да бидат, макар и во форма на пицајзли.

Тоа се поведенија и инстинкти кои од внатре ја растурија државата и нацијата и општеството.

Нека да повториме: Во времето без лушпа и без ориентација во просторот, модерните луѓе се совладани од сопствениот напредок и мораат масовно да бидат луди луѓе.

Македонците се веројатно најлуди.

Не во апсолутна смисла, туку во релативна, демек, најголем процент од нивната скромна нормалност, е претворен во лудост.

Шампиони.

Македонија ја отфрлија како недоволно квалитетен омотач и сега се слободни радикали на ништото.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Tags: Бранко Тричковски
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Одложено градското дерби Евертон – Ливерпул поради бурата „Дараг“

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk