Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Македонија е фетус кој со секое мрдање го заматува водењакот.
Како полноглавец кога ќе мрдне од милта во која медитира.
Најтешкото заматување се случува кога комитата ќе и удри клоца на мајката.
Во мевот!
Демек, да ја исправи, да биде горда!
Мајката исто така е проблематична: многу пие и се дрогира.
Со дебатни емисии, вести од подземјето и груби настапи на Американците.
Сите, вклучувајки ја и мајката, прават се, на свет да дојде чудовиште.
Или мртвороденче.
Таква е атмосферата.
Милион пати сум ја елаборирал закономерноста, значи не политичкото или идејно и партиско определување, туку закономерноста, на смртта што со себе ја носи вмро.
Како Дедо мраз од Црната листа на Лапонија.
Не на Америка.
Таму нема ред од груби и меки безначајности.
Страшила!
Никој не се бори против “Православната држава”.
На фундаменталните идиоти.
Хахаха!
Појавностите се обична камуфлажа.
Уставниот суд, ДУИ, Груби, Судскиот совет, ЕСМ…
Законот за јазиците како екстази за забава на утепаните Македонци.
Мицко, кој нема македонски, туку борнов идентитет.
Не знае од кај му е способноста да се тепа и да зборува глупости.
Делува дека е чипиран.
Јас сум сигурен, но немам материјални докази.
Можеби има сини или розеви апчиња кои го одржуваат во кретенската поза и мисија.
Матлак во кој луѓето заборавија на главната тема: Европската унија.
На пристојноста и култивираноста.
На знаењето.
Во меѓувреме, Агелер израснува во естрадна ѕвезда за забавување и плашење на широките народни маси.
Лепа Брена со скршен глужд во скопската арена.
Лебди над трибината без политичка и дипломатска тежина.
Потенцијата на Калето е спуштена на ниво кое може да има врска со смената на власта во Вашингтон, но мислам дека, има и локални извори.
Додека Мицко ја кити новата колекција на сваровски судството тие го пратија Груби тутун да реди монопол.
Океј, но, како порака!
Еј!
Сузан Сонтаг не ги сакаше метафорите.
И други пистали бегале од предизвикот да кажат дека животот тече како вморонска процесија на смртта.
Како река што тече како надеж.
За крајот.
Што е интересна контрадикција.
Мислам, меѓу крајот и течението.
Како и да е, ако се прави анкета со прашањето: Дали Македонија се движи во правилна насока, јас мислам дека 90 отсто од испитаниците со македонска национална полусвест или бесвест, ќе речат дека се движи во правилна насока ако како цел им се поонуди смртта.
Не би имал ништо против да се смени комплетната политичка елита и целата конфигурација.
Како во проекциите на трамповска Америка.
Но, 99 отсто од значењето на таа смена би отпаѓала на елиминацијата и темелната ликвидација на чудовиштето викано вмро.
Ало, Вашингтон Ди Си, дали се разбираме.
Ама тоа вмро има подршка на народот.
Нема подршка на народот.
Има поддршка на лудаците шашардисаните и глупаците.
А тоа се поправа.
Со зголемената атрактивност на нормалноста и модерноста и со скршените глави на борците за курово здравје на лажните пирински еделвајси.
Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.