ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува акцијата „новогодишна кошничка“

December 15, 2024 18:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Маркет. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Маркет. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Во акцијата „Новогодишна кошница“ што почна денеска, се вклучени над 90 производители и дистрибутери, а производите се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети. Акцијата до овој момент опфаќа повеќе од 960 производи и ќе трае до 15 јануари, информира министерството за економија.

Министерството за економија апелира компаниите доследно да ја почитуваат „Новогодишната кошница“ која сами ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки, да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страницата www.dpi.gov.mk.

-Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови. Сите информации за акцијата, листата на производи и компаниите кои се дел од кошницата – производители, дистрибутери, маркети,…, се објавуваат на интернет страницата www.mojakosnica.mk. Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk.  наведува Министерството.

И премиерот Христијан Мицкоски попладнево преку својот фејсбук профил објави дека од денеска почнува акцијата со која, како што нагласува, директно им се помага на граѓаните.

-Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ со која се намалуваат цените на над 800 прехранбени производи во пресрет на новогодишните празници. Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат цела низа производи како леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци и друго. Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година. Вклучени се над 80 компании, а новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1 000 производи. Вака директно помагаме за стандардот на граѓаните и заштита од ценовни шокови, наведува Мицкоски.

„Новогодишната кошница“ е направена на иницијатива на бизнис секторот, кој понуди производите да се продаваат по пониски цени за граѓаните од најмалку 10 проценти. Сите производи кои се опфатени со акцијата се обележани на рафтовите на маркетите со ознаката „Се грижиме! Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Државниот пазарен инспекторат соопшти дека се прават контроли во маркетите низ целата држава и притоа е констатирано дека цените на производите од „Новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто.

Tags: новогодишна кошничка
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Блокади и протести во Белград: „Ако нема правда за народот, нека нема мир за власта“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk