ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“

December 17, 2024 12:47
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија и Албанија денеска во Брисел ја одржаа третата Меѓувладина пристапна конференција на која официјално беа отворени преговорите по Кластерот 6 – „Надворешни односи“.

Во рамките на овој Кластер се поглавјата 30 – „Надворешни односи“ и 31 – „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика“. Ова е втор кластер од преговарачкиот процес што го отвора Албанија по кластерот 1 – „Основни вредности“, по кој преговорите започнаа на 15 октомври годинава.

Според унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, одржувањето на денешната Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, која е втора за време на унгарско претседателство со Унијата, претставува уште еден конкретен чекор напред во пристапен процес на земјата.

– Овој напредок го одразува нашиот силен фокус на интеграцијата на Западниот Балкан, што е од суштинско значење за стабилноста и иднината на Европската Унија, нагласи Сијарто, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Албанскиот премиер Еди Рама, пак, оцени дека со отворањето на преговорите по втор Кластер, Албанија прави нов важен чекор со што го продолжува маршот кон ЕУ.

– Мораме да продолжиме и нашата мисија е да отвораме нови кластери, се надевам на пролет, и да постигнеме следната година да ја завршиме со повеќе отворени кластери. Така што, ова е навистина многу добар ден за нашата земја и многу мотивирачки чекор за сите нас, рече Рама, кој ја предводеше албанската делегација на Меѓувладината конференција.

Како претставник на Европската комисија, на Меѓувладината конференција присуствуваше и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Согласно новата методологија на преговарачкиот процес за членство во ЕУ, кластерот „Основни вредности“ се отвора прв, а се затвора последен, додека во меѓу време паралелно се одвиваат преговорите и по останатите пет кластери – „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен раст“, „Зелена агенда и одржливо поврзување“, „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“.

Tags: „Надворешни односи“Албанија
Next Post

ЕУ подготвена повторно да ја отвори Амбасадата во Дамаск

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk