Откако денес во Штип беа направени првите заштитни маски кои ќе бидат дистрибуирани каде што се најпотребни, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, на својот профил на Фејсбук сподели слика и упати благодарност до сите текстилни работнички, пожарникари, комунални и кожарски работници.
„Со овој мал гест сакаме да се заблагодариме на сите #текстилни работнички во градот за нивната одговорна работа и одржувањето на економијата.
Благодарност и до #пожарникарите, #комуналните и #кожарските работници.
Даваме сè од себе за да ги направиме јавните простори безбедни за сите.“ – напиша градоначалникот Бочварски на својот Фејсбук профил.
А. Н. Стојчевски