ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Митрески до Кочоска: Цените растат, зошто не го прифатите предлогот за укинување на ДДВ на храна?

December 18, 2024 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска поврзано со егзистенцијата на граѓаните, зголемувањето на трошоците за живот, како и зошто не сака да го прифати предлогот за укинување на ДДВ на храна, посочуваат од СДСМ.

„Зголемувањето на трошоците за живот е предизвик за сè поголем број семејства.

Обезбедувањето на потрошувачката кошница со основните прехранбени производи, од во ден во ден станува луксуз.

Од друга страна, наместо мерки за реално пониски цени на прехранбените производи, Владата донесе мерки за мачкање очи, тотално неефикасни мерки, чист популизам.

Се донесоа две потрошувачки кошнички, есенска и сега новогодишна. Помпезно ги најавивте и двете … со ПР кампањи во маркетите.

Ама цените не се намалија.

И да потенцирам, и двете мерки ги донесовте на ист начин. Прво им оставивте простор на трговците да ги зголемат цените, па потоа мерките стапија во сила.

Се прашувам, дали Вие министерке и вашиот премиер Мицковски, сте свесни дека на овој начин им овозможивте на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Вие си поигрувате со егзистенцијата на граѓаните!

Многу е проста проверката на ефектите на терен и многу е јасно за кого биле мерките. За граѓаните, сигурно не.

После првата есенската кошничка, голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија. И статистиката го регистрираше тоа, раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, и раст на цените на мало од 4%.

Впрочем, Вие министерките и самата знаете дека оваа мерка не е ефикасна, тоа и го изјавивте на 1-ви октомври годинава кажавте цитирам: „Никогаш не можам да се согласам со таква мерка“.

Но тоа што не се согласувате со мерките на Вашата влада не значи дека ве иззема од одговорност.

Со втората, новогодишната кошничка, направивте нова класична измама за граѓаните.

Дозволивте трговците да ги покачат цените па сега наводно да ги намалуваат. Без притоа да има механизам за контрола и казна.

Вие класично манипулирате и ги потценувате граѓаните, за да го прикрете вистинскиот проблем за кој оигледно немате решение, а тоа е покачувањето на цените на производите.

Министерке дали сте биле да пазарите во продавница или маркет деновиве? Знаете дека повторно имаме иста ситуација како со есенската кошничка. Дел од производите се намалени по денар, или по два, три денара, дел воопшто не се намалени, а цените на некои производи дури и се зголемени.

Еве јас синоќа бев во еден маркет.

Цената на зејтинот, од различни компании, за 1 литар се движи од 92 до дури 98 денари. А на први октомври цената била 83 денари. Каква мерка, какво намалување, зголемување има.

Мешано сирење 459 денари, иста цена, непроменета.

Кај кравјото сирење, има намалување од замислете само 5 денари и сега се продава по цена од 398 денари за килограм.

Јогуртот со 3,2% масленост се покачи цената минатиот месец сега се намали и дојде исто и во овој маркет се продаваше за 69 денари а во некои маркети и над 72 денари се продава.

Значи, тоа е реалноста за измамата којашто граѓаните ја гледаат секој ден во продавниците.

Едно е јасно, дека со овие цени, кошничките на граѓаните за новогодишните празници ќе останат празни!

За ова не ве избраа граѓаните. Не ве избраа за вие да им продавате лажна гордост, а тие со наведнати глави да влегуваат по продавниците и во домовите, затоа што не се во можност да ги обезбедат основните прехранбени производи за своите деца и внуци.

И за овој проблем ви понудивме решение, но и тоа не го прифативте. Не прифативте укинување на ДДВ за прехранбените производи, иако и самите знаете дека со оваа мерка реално ќе се намалат цените и граѓаните тоа ќе го почувствуваат.

Од друга страна, оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците, како што тоа се случи со мерките на Владата.

И клучно, со намалување на ДДВ на храната долгорочно им се помага на граѓаните во тек на цела година. Месечно, едно семејство може да заштеди 2.000 денари а годишно тоа се 24 илјади денари.

Ако навистина сакате да им помогнете на граѓаните тоа е решението.

Моето прашање до Вас министерке, зошто не сакате да го прифатите предлогот за укинување на ДДВ на храна?“, истакна Митрески.

 

Tags: ддвКочоскаМитрески
Next Post

Почесниот конзул на Косово на информативен разговор во полициската станица Карпош

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk