ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мисајловски од годишен брифинг на одбранбени аташеа: И во 2025 година продолжуваме со инвестициите и вложувањето во одбраната

December 18, 2024 14:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Регионалниот центар за односи со јавноста во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје денеска се одржал редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеа, на кој се обратиле министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и доајенот на Асоцијацијата на одбранбени аташеа, хрватското одбранбено аташе полковник Стјепан Домјанчиќ.

Министерот Мисајловски во своето обраќање потенцирал дека денешниот брифинг, како и средбите кои се реализираат со одбранбените аташеа, е јасен доказ за нашата посветеност на билатералната и мултилатералната одбранбена политика и соработка.

– И мојата татковина, и државите кои ги претставувате се дел од еден глобален меѓународен поредок кој може да функционира и да ја гарантира безбедноста на своите граѓани само ако соработуваме искрено и посветено и ако имаме една цел пред нас, а тоа е мирот, стабилноста и демократијата, рекол Мисајловски, соопштија од Министерството за одбрана.

Мисајловски се осврнал и на идниот развој на одбраната и Армијата и одбранбениот буџет од кој 32 проценти се наменети за модернизација и опремување.

– Споредено со 2024 година тоа се над 18 милиони евра повеќе за нова и модерна опрема, за посилна Армија, за посилна колективна одбрана во НАТО – Алијансата. Тоа е уште еден неоспорен доказ дека нашата држава е активен и посветен сојузник, истакнал министерот Мисајловски.

Според него, трите развојни приоритети во одбраната, стабилното буџетирање, засилувањето на процесот на модернизација и целосното почитување на правата и обврските кон вработените, успешно се реализирани. Додал дека на ист начин ќе продолжат да работат и следната година.

Генералот Лафчиски упатил благодарност до одбранбените аташеа за помошта во градењето и модернизацијата на одбранбените капацитети преку билатералната соработка, но и преку многубројните вежбовни активности.

– Следната 2025 година оваа поддршка, оваа соработка и со вас, меѓутоа онаа поддршка која ќе ја добиеме од Министерството и од Владата ќе биде уште повеќе изразена, потенцирал тој.

Полковникот Стјепан Домјанчиќ упатил благодарност до раководството во Министерството и Генералштабот за можноста од прва рака да се слушнат пораките за развојот на одбранбениот сектор и нагласил дека земјава е препознаена и ценета членка во НАТО и оти македонската надворешна политика е целосно усогласена со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија.

Во соопштението се наведува дека на брифингот со одбранбените аташеа се дава целосен осврт на меѓусебната соработка во годината што изминува, а се разговара и за чекорите кои ќе се превземат следната, 2025 година.

Next Post

Здружение на архитекти на Србија: Објавена нецелосна техничка документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 11 мај 2026: Ден за интуиција и внатрешен мир

May 11, 2026
Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk