ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Заврши санацијата на водоводот во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата

December 21, 2024 14:34
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје и во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата. Ова го соопштив денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, од улица „Никола Парапунов“, местото каде што минатата недела настана главниот дефект со излевање на водата.

– Би сакала да им се заблагодарам на техничките и стручните лица од ЈП „Водовод и канализација“ за храброста што ја имаа и што ја истакнаа својата експертиза и стручност за овој повеќедецениски проблем кој го завршија во рекордно време, рече Арсовска.

Во извршувањето на оваа реконструкција, Арсовска рече учествувале повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

-Отпочнувајќи од два часа наутро, кога практично отпочна престанокот на вода од магистралниот цевковод, до пред неколку часа е целосно санирано успешно и стручно од страна на службите на Јавното претпријатие и веќе е отпочнато со пуштање на водата, полека, за притисокот којшто во овој момент се креира, практично, не би предизвикал некакво оштетување на нашата мрежа, рече Арсовска.

Со полнење на магистралниот водовод, посочи, е започнато пред околу два часа и потребни се дополнителни три часа за нормализирање на состојбата.

-Од она кое што ЈП „Водовод и канализација“ информира, отпочнато е со полнење на магистралниот водовод од пред скоро час и половина и ќе треба некои дополнителни три до четири часа за да се нормализира, за да се стабилизира состојбата, односно да се дојде до целосно полнење и враќање на притисокот во нормала, вели Арсовска.

Операцијата, додаде, опфаќала вадење на елементи од самите затворачи и носење на истите во Јавното претпријатие, каде што на соодветна апаратура, практично, биле креирани нови кои што ги замениле старите.

-Она кое што ЈП го имаше пуштено преку соопштение беше оптималното сценарио од 15 часа, како граѓаните би знаеле кој е рокот, во којшто доколку се оди според предвиденото би успеале да се вратат магистралниот цевовод и она водоснабдување кое што нашите сограѓани го имаат во нормала. Нормално, нашите експерти луѓето како помошно-технички и машинските инженери, водоводџиите кои работеа на овој проект успеаја навистина во најкраток можен рок да го завршат истото, затоа што оваа операција опфаќаше не само во моментот работа на терен, туку и вадење на оние елементи од самите затворачи, носење на истите во Јавното претпријатие, каде што на соодветна апаратура беа креирани практично нови, со кои што беа заменени старите и оваа модернизација е нешто што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје, рече Арсовска.

Покрај реконструкцијата со која се подобрува водоводниот систем, рече, важно е да се напомене дека се намалуваат загубите на вода за кои што две децении било алармирано.

– Многу ми е жал за паниката што се креираше во јавноста, вообичаено тоа знаете дека е од политички причини. Се надевам дека граѓаните не потпаднаа под влијание на она кое што можевте да го чуете. Она што е исклучително важно е дека не само што се модернизира и подобрива системот, се намалуваат загубите на вода кои што две децении е алармирано од целокупната јавност дека од прилика 60 отсто на територијата на водоводот на градот Скопје и дополнително се предизвикува со оваа санација, модернизација и репарација, подобрување на водоснабдувањето и зголемување на притисок за жителите на општината Карпош и општината Ѓорче Петров, рече Арсовска. 

Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа зашто контактното време на резидуалниот хлор и водата во мрежата (време потребно резидуалниот хлор да почне да делува врз микробиомот присутен во водата), во услови на пониски амбиентни температури може да потрае и до 1 час.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВодаСкопје

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk