ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НЕПОБЕДЛИВАТА СИЛА НА ЧОВЕЧНОСТА: Новогодишен повик за обнова на посветеноста кон борбата за демократија и човекови права

December 31, 2024 14:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На 1 јануари 2025 година светот ќе се приближи до средината на најтешката декада од крајот на Втората светска војна наваму. Живееме во декада кога неизмерно богатите и моќните, агресорите и злосторниците, тираните и нивните слуги – направија сѐ за да ги убедат луѓето дека се мали и безначајни. Живееме во декада кога лагите, манипулациите и омразата се претставуваат како вистина, заштита на јавниот интерес и патриотизам.

Истовремено, живееме во декада на знаење, технолошки напредок и мобилност. Кој пат ќе го избереме за да ја продолжиме и заокружиме оваа декада, ќе го одреди нашиот живот во иднина. Малку им недостасува на идеологиите на мракот да тргнат во решавачка битка за освојување на светот и нашите животи. Но исто толку малку им недостасува на луѓето кои веруваат во слободата, правдата и човечноста да кажат – НЕ! – и да го сменат текот на историјата.

Сѐ уште има време секој да донесе новогодишна одлука повторно да се посвети на борбата за демократија и човекови права, да ги почитува вредностите засновани на почит за човечкото достоинство и слобода. И најголемите и најсилните се ронат пред пркосот на „малите“. Бидејќи, без оглед на тоа колку луѓето може да изгледаат мали и безначајни, тие се дел од нешто најголемо на светот – ЧОВЕЧНОСТ.

Во време кога дигиталната ера нѐ поврзува како никогаш досега, се соочуваме со парадокс: вистината сѐ потешко се пробива до површината на океанот од дезинформации, а демократските вредности се замаглени и потиснати од алчноста, стравот и омразата. Оваа декада е тест на нашата способност да одбереме меѓу солидарноста и себичноста, меѓу прогресот и деструкцијата, помеѓу хуманизмот и бруталноста.

Најголемите битки не се водат само на фронтовите во воените зони, туку и во нашите умови, нашите срца, и во односот кон луѓето во нашите заедници. Дали ќе дозволиме пропагандата да ги обликува нашите убедувања, или ќе се избориме за право на критичко размислување и слобода на говор? Таа битка се води прво во нашите умови и срца! Дали ќе продолжиме да ги игнорираме страдањата на оние кои се различни од нас, или ќе најдеме храброст и доблест да застанеме во нивна одбрана? Најжестокиот фронт е во нас самите. Ако победи човечноста, справедливоста и солидарноста, силите на мракот ќе доживеат пораз на сите други фронтови.

Секој избор што го правиме може да биде тула во ѕидовите што ги делат или плоча на мостовите што ги поврзуваат луѓето. Каков свет градиме и каков свет оставаме за генерациите по нас е наш избор. Дали ќе им се предадеме на силите на мракот или ќе се бориме за подобар свет, зависи од секој од нас.

Тоа што изгледа како мала и безначајна постапка може да биде почеток на големи промени – гласот на избори, учество на продемократски протести, подадена рака за помош, зборови на охрабрување и утеха – сето тоа е дел од едно големо, заедничко дело. Големите промени секогаш започнуваат со мали, некогаш одвај забележливи чекори.

Нека оваа нова година биде момент кога ќе застанеме и ќе се запрашаме: Каков свет сакаме за нас и за идните генерации? Одговорот на тоа прашање не е само во зборовите што ќе ги изговориме, туку во акциите што ќе ги преземеме.

Има сила во единството, има сила во непокорноста против неправдата, и има сила во вербата дека човечноста може да победи. Нека 2025 година биде година на повторно раѓање на надежта, година кога ќе се потсетиме дека силата на човештвото лежи во нашата сплотеност и солидарност. Година на нашата обновена посветеност кон борбата за демократија и човекови права.

Среќна Нова!

Преземено: Цивил Медиа


CIVIL TODAY: THE UNBREAKABLE POWER OF HUMANITY: A New Year’s call to recommit to the fight for democracy and human rights [LINK]


Прочитајте и: 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки

НАЈНОВО

Скриншот

Кос: Лидерите на кандидатите за членство во ЕУ имаат клучна улога во пристапниот процес

September 16, 2025

Ѓорѓиевски: Одредени политички партии и групации сакаат да профитираат политички од подметнатите пожари

September 16, 2025

Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за  Ромите го открива вистинското лице на власта

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk