Директорот на Брзата помош од Загреб јавува дека детето за кое првично од хрватскиот портал Индекс беше пренесено дека починало, е живо, се борат за неговиот живот, дека му е направена реанимација и се наоѓа во тешка здравствена состојба, се корегира порталот за првично објавената вест.
Првично хрватски Индекс ја имаше објавено оваа вест, на која се повикаа повеќе портали од регионот:
„Петнаесет годишно дете е првата жртва во силниот земјотрес кој се случи утрово во Загреб, пренесе хрватски Индекс.
Добивме дојава за срушена зграда на Ѓорѓичева 13. Екипата на брза помош излегла на терен и констатирала тешки повреди кај дете, кое не покажувало знаци на живот, вели Жарко Рашиќ директор на Брза помош.“