ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филхармонија со демант на отвореното писмо на Дијана И. Илкоска

January 10, 2025 10:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Филхармонија го демантира текстот кој беше објавен врз основа на Отворено писмо на диригентката Дијана И. Илкоска.

„Неосновани, невистинити, неаргументирани и паушални се наводите, кои авторката на текстот Дијана Имери Илкоска ги навела во текстот објавен врз основа Отворено писмо на диригентката Дијана И. Илкоска, поради следните причини: Дијана Имери Илкоска во објавениот текст наведувајќи ги нејзините автобиографски податоци и изнесувајќи ги личните наводи дека е преквалификувана за работното место кое го извршувала во НУ Филхармонија изоставила да го наведе фактот дека во ниту еден момент не била присилена да го напушти работно место наставник на неопределено време (во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј Скопје) и да прифати да биде ангажирана на работно место на определено време. Тој избор го направила самоволно, како што и самата наведува. Оттука, мораме да потенцираме дека во ниту еден момент од страна на НУ Филхармонија или било кој вработен не ѝ било ветено дека тој работен однос ќе биде трансформиран од определено во неопределено време. Со ова сакаме да потенцираме дека авторката на текстот знаела или требала да знае дека договорот за вработување на определено време, може да престане да важи со изминување на временскиот рок за кој истиот е склучен и при тоа установата нема законска обврска да понуди нов договор, односно договор за продолжување на работниот однос, се наведува во демантот.

Во насока на ова согласно член 77 – в од Законот за културата (текст на законот кој бил во важност во 2022 година) работното место нототекар, како и останатите 3 места од делот на продукција и помошно техничкиот персонал предвидено е да се засноваат на неопределено време. Непознато е зошто тогашната директорка решила и се согласила да ги спроведе огласите на определено и покрај укажувањата на правната служба на установата, дека истото е противзаконско. Сметаме дека целиот овој проблем произлегува токму од овој клучен минат момент, а сегашното раководство истиот само го наследува и го решава во рамките на законот. Исто така, мораме да укажеме дека она што е напишано во демантираниот текст, досега неколку пати било предмет на дискусија меѓу авторката на текстот и установата. На Дијана Имери Илкоска во повеќе наврати ѝ е објаснето која е причината и законската регулатива по која не ѝ е продолжен работниот однос. Исто е аргументирано и во рамките на постапката по поднесената тужбата која таа ја има против работодавачот, за трансформација на работен однос. Но, од објавениот текст можеме да заклучиме дека за неа ниту еден одговор/ аргумент не е валиден, бидејќи тој не е во нејзин личен интерес.

Во делот од текстот кој се однесува на трансформација на нејзиниот работен однос од определено време во неопределно време врз основа на одредбата од членот 46 став 3 од ЗРО, од авторката на текстот поднесена е тужба и сметаме дека во моментов судот е тој кој треба да утврди дали наведените услови во споменатиот член се исполнети или не. Секако, НУ Филхармонија на РСМ како правен субјект кој е активен во правниот промет во државата, има законска обврска да постапи по пресудата која во иднина ќе биде донесена од страна на судот. Во меѓувреме, сметаме дека секое изнесување на факти и образложување на ставови врзани за предметот на тужбата, дали преку медиуми, портали или социјални медиуми, нема да вроди со плод, е непотребно, беспредметно и бесцелно, се вели во демантот.

Причината поради која работното место нототекар не е предвидено во Годишниот план за вработувања за 2025 година е утврдена во Законот за вработени во јавниот сектор и Методологијата за начинот на пополнување на плановите за вработување, каде јасно и недвосмислено е наведено дека работните места кои се пополнети со договори за врботување на опредeлено време не треба да се впишуваат во годишните планови за вработување. Дополнително, тоа е план за вработувања кои треба да се реализираат во следната година и не е логично да се впишуваат работни места кои веќе се пополнети.

Неточни и неосновани се наводите дека тоа е причината поради која барањата за продолжување на согласностите се отфрелени од страна на надлежните институции поради тоа што работното место не било впишано во годишниот план за вработување за 2025 година. До денес во установата не е пристигнат ниту еден допис или било какво писмено известување во кое истото е наведено. Впрочем, не ни е познато врз основа на кои докази или информации, авторката на текстот истото го тврди. Секако, разбирливо е дека на секое лице на кое му престанува работниот однос во одреден правен субјект, потребно е да му се ограничи пристапот во деловните простории на работодавачот, при тоа во ниту еден момент на авторката на текстот не ѝ беше забрането да пристапи до објектот и да си ги подигне своите лични предмети, се наведува во демантот.

Сметаме дека изнесените ставови во демантираниот текст се лично мислење на авторката на текстот и се во насока на повреда на интегритетот и угледот на установата, како и на лицата кои работат во неа. Во врска со концертот „Севда“ кој се одржа на ден 16.02.2023 година, кој авторката на текстот го сработила со „волја и љубов“ сакаме да посочиме дека за истиот примила хонорар во износ од 123.000,00 денари во нето износ. Исто така, за дополнителните ангажмани кои ги работела надвор од описот и пописот на работното место, покрај погоре споменатиот надомест, на неколку наврати ѝ биле исплатени нето износи од 123.000,00 денари и два пати по 61.500,00 денари“, се наведува во демантот на Државниот пазарен инспекторат.

Поврзанo:

Диригентката Дијана Имери Илкоска: Останав на улица

Next Post

Условот на ВЛЕН за уставните измени му одговара на Мицкоски

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk