ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони и нов што треба да се отвори во регионот на Преспа

January 12, 2025 19:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Надградба на главните копнени гранични премини на Грција кон соседните земји, меѓу кои и Евзони-Богородица, како и новиот што треба да се отвори во регионот на Преспа, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Традиционално, секоја недела Мицотакис на Фејсбук објавува седмичен преглед, а денеска, со оглед на тоа што е прв за годинава, се осврна на заложбите на Владата за 2025 година, меѓу кои е и подобрувањето на работата на граничните премини.

Објасни дека надградбата започнува со преминот Кипи во Еврос кон Турција, проект за кој е во тек тендерот од 12,9 милиони евра, а со кој според Мицотакис, „се очекува да се намали времето на чекање за минување на возилата за 75 отсто“ и се проценува дека проектот ќе биде завршен до крајот на 2025 година.

– По Кипи ќе следи надградба на сите главни копнени гранични премини (Кастаниес кај Еврос, Евзони, Лемос во Преспа, Какавија и Кристалопиги). Нивната сегашна слика не е соодветна за европска држава како Грција. За прв пат по децении, ќе се изврши градежна и технолошка обнова на сите централни влезни/излезни точки во земјата, со цел побрзо да се опслужуваат посетителите и трговскиот транспорт. Намалувањето на времето на чекање на влезовите и излезите на земјата ќе придонесе за економска и туристичка стимулација на северна Грција, од Тракија до Епир, напиша Мицотакис.

За влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната од почетокот на годинава, посочи дека „ќе го зголеми транзитот кон Грција, кој и онака беше голем“, а во 2024 година низ бугарско-грчката граница кај Промахонас поминале 8.600.000 луѓе“.

Министерот за внатрешни работи на Грција Тодорис Ливаниос, во интервјуто за грчкиот весник „Прото тема“ минатата седмица, говорејќи за граничните премини рече дека планираат целосна модернизација што започнува со Кипи, а потоа ќе следат копнените премини Евзони кон Северна Македонија и Кастаниес кон Турција.

Со надградбата на граничните, според најавите, се очекува да се намали времето на чекање, кое минатото лето на Богородица-Евзони, поради големиот број туристи, во одредени денови достигнуваше и до пет часа.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во понеделникот соопшти дека „со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу кратко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални“.

Tags: гранични преминиГрција
Next Post

(ВИДЕО) Билансот на жртви расте, најмалку 16 загинати во пожарите во Лос Анџелес

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk