МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче со детали за починатата пациентка од Куманово на последната прес конференција за денеска во 20 часот: На 19 март пациентката се јавила на доктор со потежок наод на белите дробови, констатирана е пневмонија и се сместени во болница. Тогаш се направени и брисеви за корона тест и на мајката и на синот. На 19ти март тестовите се негативни, на 20ти март се повторува тестот на мајката и тој е негативен. На 21 состојбата кај пациентката се влошува, направени се обиди за реанимација, но за жал тие се без успех. Земен е посмртен уште еден материјал кој тест е позитивен на корона вирус.
АКО се докаже дека некоја фирма или поединец осмислил и остварил екстра профит на сметка на здравјето на граѓаните користејќи ја кризата, Владата може да посегне по донесување на Уредба за национализација. Банките за три месеци ќе го одложат плаќањето на ратите за сите кредити на граѓани и фирми погодени од кризата. Тоа значи дека априлската рата кредит ќе се плаќа во јули – дело до мерките на СДСМ доставени до Владата.
УРЕДБА со законска сила со која ќе се #укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година, е предлог на министерката за правда Рената Дескоска
„Се надевам дека сите политички партии ќе ја поддржат предложената уредба“, напиша таа на својот Фејсбук профил.
МИОА ќе обезбедува дневни дозволи за работа на медиумските работници по 21 часот
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Општина Куманово Максим Димитриевски на денешната прес-конференција изрази сочуство до семејството на починатата кумановка, прв смртен случај од коронавирусот во земјава и информираше за нови препораки што ги донел Општинскиот кризен штаб во Куманово, меѓу нив најави дека ќе побара од Владата во градот да се воведе полициски час од 18 до 06 часот.
АНГЕЛА Меркел во домашна изолација под сомнение дека е заразена од корона вирус
СОСТОЈБАТА со корона вирусот во светот до 20 часот: Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 338. 259 луѓе заразени со коронавирусот. Од нив починати се 14.457, а оздравеле 96.958 лица.