ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕК работи исплатата на предфинасирањето за Северна Македонија да се случи што е можно поскоро

January 16, 2025 09:37
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Северна Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.

– Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Северна Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободувањето на предфинансирањето да се случи што е можно поскоро во 2025 година, изјави портпаролот.

Тој потсети дека Реформската агенда, која опфаќа реформи во областа на основните права и социо-економски реформи, земјава ги поднесе лани во јули, по што Еврокомисијата оцени и заклучи дека таа е во согласност со целите и барањата на Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан.

– Реформската агенда беше одобрена на 23 октомври 2024 година со Одлука за спроведување на Комисијата, по позитивно мислење од земјите членки (во Комитетот ИПА III). За да започнат реформите, земјите може да побараат до седум отсто средства во форма на предфинансирање. Тоа го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди. Ова ја вклучува и Северна Македонија, истакна портпаролот.

Тој додаде дека Планот за раст на Западниот Балкан нуди патоказ за приближување на економиите на земјите од регионот до Европската унија.

– Поконкретно, тоа се шест милијарди евра инвестиции, а принципот е и инвестиции и реформи, што обезбедува постепен пристап до единствениот пазар, овозможувајќи им на граѓаните од Западниот Балкан да пред време да почувствуваат некои придобивки од интеграцијата во ЕУ, изјави портпарол на Европската комисија за МИА.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани на 13 ноември минатата година го потпиша барањето до Европската комисија за предфинансирање во износ од 52,5 милиони евра, со што Северна Македонија стана првата земја од Западниот Балкан која ги презеде сите неопходни чекори за исплатата на првите средства од Инструментот за реформи и раст.

Идејата на Планот за раст на Европската комисија е со исплата на средствата во износ од шест милијарди евра, во форма на грантови и заеми под поволни услови, до 2027 година, да се овозможи двојно зголемување на економскиот раст на регионот во наредните десет години.

Next Post

Симон Трпчевски со „Македонисимо“ во Романија ја почнува концертната 2025

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk