Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу искажа критики за играта на тимот во лондонското дерби (1:2) со Арсенал од 21. коло од англискиот фудбалски шампионат.
– Бевме далеку од нивото на кое требаше да бидеме. Неприфатлива е пасивноста на Тотенхем во првото полувреме на една ваква важна средба. Ја плативме цената за тоа. Второто полувреме беше малку подобро, но ни блиску до нивото што ни требаше, изјави Постекоглу за „BBC Sport“.
Тотенхем има 24 бода и се наоѓа на 13. место на првенствената табела, додека Арсенал е на 2. место со 43 бодови.