ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Како ќе се одрази второто претседателство на Трамп врз Северна Македонија и Балканот?

January 21, 2025 13:13
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ

Аналитичарите Синиша Пекевски и Дритон Зенку се поделени во нивните мислења за улогата на новата американска администрација предводена од Доналд Трамп на Балканот и во Северна Македонија. Додека едниот вели дека се очекуваат драстични промени, другиот смета дека нема да има политичко „тектонско“ движење.

– Новиот претседател на САД ќе донесе драстични промени во многу сфери, вклучително и во Македонија. Ефектот од неговото претседателствување веќе се чувствува преку договорот на Израел и Хамас, а и очекувам брзо решение во конфликтот Русија и Украина, за да и на крај се решат проблемите меѓу Србија и Косово. Во делот на Македонија очекувам многу поголема поддршка во делот на инвестиции, но и на политички план во решавање на проблемите со корупцијата, но и надминување на застојот во интеграциите со ЕУ заради небулозните услови од страна на Бугарија, изјави за „Фронтлајн“, Синиша Пекевски – политички аналитичар.

Од друга страна новинарот и аналитичар Дритон Зенку смета дека Северна Македонија, Балканот и другите земји во светот не треба да очекуваат многу од новата американска администрација.

– Идеите на претседателот Доналд Трамп беа прифатени и поддржани од американскиот електорат и електори. Тоа е платформа фокусирана на внатрешните работи на Америка и делумно на меѓународната сцена. Во својата прва изјава како претседател, Трамп зборуваше за традиционалните семејни вредности, американското економско зајакнување, мартовските планови и малку за меѓународните односи. Северна Македонија, Балканот и другите земји во светот не треба да очекуваат многу од новата американска администрација. Од искуството од првиот мандат на Доналд Трамп, добро за светот ќе биде гаснењето на конфликтите и спречувањето на нови конфликти низ светот. Приоритет на Трамп е семејството, благосостојбата на американскиот народ и економскиот развој, вели Зенку за „Фронтлајн“.

Со стапувањето на должност, Доналд Трамп, како претседател на САД, тој се соочува со неколку надворешнополитички предизвици. Војната во Украина и Русија се на врвот на агендата.

-Од овој ден нашата земја повторно ќе процвета и ќе биде почитувана низ целиот свет, изјави, меѓу другото, Доналд Трамп, во говорот по преземањето на функцијата претседател на Соединетите држави. Тој стана 47. претседател на САД.

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет извршни наредби на крајот од церемонијата на полагање заклетва во Вашингтон.

Тој потпиша извршна наредба со која им наредува на американските власти да престанат да издаваат документи за државјанство на деца родени во САД чии родители немаат правен статус.

Меѓу другото, тој првично ги повлече САД од Парискиот климатски договор. Соединетите Држави, вториот најголем загадувач во светот по Кина и најголемиот загадувач во историјата, го напуштија Парискиот договор за климата за време на првиот мандат на Трамп, но Џо Бајден го врати за време на неговиот мандат.

Трамп најпрво потпиша извршна наредба со која поништи 78 извршни наредби на неговиот претходник Џо Бајден, вклучително и отстранување на Куба од листата на држави спонзори на тероризмот, објавија американските медиуми.

Потоа, заедно со повлекувањето на САД од договорот за климата, тој, исто така, го забрани издавањето на нови федерални регулативи додека тој и неговата влада не ја преземат целосната контрола врз нив, привремено го забрани вработувањето во федералната влада, освен за војската и националната безбедност и ја прекина работата од дома за федералните службеници.

Тој, исто така, ги помилува осудените за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, околу 1500 од нив, иако само 20 отсто од Американците го поддржуваат тој потег.

Во понеделникот (20 јануари), Трамп потпиша извршни наредби со кои илегалната имиграција на границата меѓу САД и Мексико се прогласува за вонредна состојба, означувајќи ги криминалните картели како терористички организации. Трамп, исто така, потпиша наредба за суспендирање на американската програма за преселување бегалци на четири месеци.

Трамп ги укина санкциите наметнати од поранешната администрација на Бајден за екстремно десничарски доселенички групи и поединци од Израел за наводно извршување насилство врз Палестинците на окупираниот Западен Брег.

Новоизбраниот претседател ги укина извршните наредби кои промовираа различност, еднаквост и инклузија (DEI) и ги промовираа правата за ЛГБТК+ луѓето и расните малцинства, исполнувајќи ги ветувањата за намалување на заштитата за најмаргинализираните Американци.

Дестан Јонузи

 

Tags: БалканДоналд ТрампСеверна Македонија
Next Post

Основните минимални трошоци во јануари повисоки за 391 денар, за ССМ оправдано е барањето за зголемување на платите

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk