ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Денот на Соборноста на Украина: Врвен национален приоритет и цел на Победата

January 22, 2025 07:30
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

АМБАСАДА НА УКРАИНА

На 22 јануари Украина се сеќава на два подеднакво значајни настани од украинската историја: прогласувањето на независноста на Украинската Народна Република и Актот за обединување на украинските територии. Имено, на 22 јануари 1918 година, за првпат во XX век, украинската независност беше прогласена со IV Универзал на Украинската Централна Рада, а веќе една година подоцна (22 јануари 1919 година) на плоштадот Света Софија во Кијив се случи подеднакво значаен настан – обединување на УНР и ЗУНР во една држава.

Прогласувањето на Соборноста на Украинската Народна Република (УНР) и Западноукраинската Народна Република (ЗУНР) на 22 јануари 1919 година е историски акт на обединување на украинските територии во една држава (Акт за обединување). Настанот е основоположен за украинското државотворење. Тој целосно ги руши тврдењата на руската пропаганда дека украинските територии првпат биле обединети од Сталин во 1939 година. Идејата за Соборност на Украина беше клучна за следната генерација учесници во украинското ослободително движење во XX век. Овој ден стана симбол на украинското државотворење, олицетворувајќи ги стремежите на Украинците за обединување во една држава.

Соборноста е единство и неделивост на сите територии на Украина, духовна единственост на Украинците кои живеат на територијата на Украина, како и единство на сите граѓани на Украина без оглед на нивната националност и верска припадност. Ова е стремеж кон зацврстување на вистинскиот суверенитет и независност на Украина, изградба на просперитетна демократска национална држава (член 6 од Законот на Украина „За основните принципи на државната политика за утврдување на украинската национална и граѓанска идентичност“).

Соборноста подразбира не само сеќавање на минатото, туку и потреба од заедничка работа и интеракција во денешна Украина, кога, од различни региони, комуницираме, заеднички работиме и создаваме значајни и важни работи.

За Украина, Соборноста е единство во разновидноста, обединување околу украинската државност и идентитет. Идејата за територијалната целовитост на земјата се поврзува со идеите за духовно заедништво. Така, Соборноста е неразделно поврзана со државноста, суверенитетот и независноста на нацијата – фундаментот за изградба на демократска држава.

Соборноста е неразделна од суверенитетот и вистинската независност на народот, таа е основа за изградба на демократска држава и гаранција за опстанокот и постоењето на нацијата. Националното единство не е само основна вредност за граѓаните на земјата, туку и неопходен предуслов за успешен отпор кон надворешната агресија.

Во услови на руска воена агресија против Украина, Соборноста добива поголема симболика и острина, бидејќи сега, повеќе од кога било, Украинците треба да се обединат заради иднината и победата.

Денес, Украина продолжува да се бори за независност и Соборност. Затоа, Соборноста останува врвен национален приоритет. Целосната територијална целовитост ќе биде обновена откако Украина ќе ги ослободи сите територии заземени од непријателот. Соборноста е целта на Победата.

Next Post

Облачно со повремен дожд и магла по котлините

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk