Мајк Стачбери е учител и писател од Мелбурн, Австралија, кој сега живее во Штутгарт, Германија. Негова пасија е историјата, а се појавува и како колумнист за австралискиот Еј-би-си. Неговата реакција на нацистичкиот поздрав на Илон Маск за време на инаугурацијата на Доналд Трамп може да се најде на Х, каде што тој напиша:
„Ги проучував нацистите на универзитет, предавав историја на нацистичка Германија на два континента и пишував за големите весници за нацистичка Германија. Јас сум на интернет познат по тоа што проверува факти за историјата, идеологијата и политиката на нацистичка Германија.
Тоа беше нацистички поздрав.“
I studied the Nazis at university, taught the history of Nazi Germany on two continents and wrote for major newspapers about Nazi Germany. I am internet famous for fact-checking chuds on the history, ideology and policy of Nazi Germany.
That was a Nazi salute.
— Mike Stuchbery 💀🍷 (@MikeStuchbery_) January 20, 2025
Илон Маск и МАГА приврзаниците се обидуваат да ја изманипулираат јавноста со тоа што објавуваат фотографии од познати личности, па дури и од Супермен, со крената рака.
И самиот Маск се обидува да се одбрани од заслужените критики.
Во една објава, тој се обидува да се оправда на следниот начин:
Haha this is amazing 🤣🤣 https://t.co/GdZMss555L
— Elon Musk (@elonmusk) January 22, 2025
Џабир Дерала од ЦИВИЛ му одговори кратко: „Манипулираш. Повели, ова си ти!“ На ова тој го закачи видеото што кружи низ социјалните мрежи каде што јасно се гледа целосно совпаѓање на нацистичкиот поздрав од минатото со овој на Илон Маск.
Ова е линкот до твитот на Дерала:
You are manipulating. Here you are! pic.twitter.com/dYD5envKiz
— Xhabir Deralla (@XhabirDeralla) January 22, 2025
Ова не е единственото видео каде што се прави паралела меѓу Маск и нацистите.
Снимката лево во оваа монтажа е од „Маршот на црвените кошули“ во Орландо, Флорида, САД, на 2 септември 2023 година каде што учесниците извикуваат Хајл Хитлер. Учесниците се припадници на неонацистичките групи Крвно племе и Лига на гојимската одбрана (Blood Tribe, Goyim Defense League). Снимката е од Getty Images.
My talk today at the Presidential Parade
pic.twitter.com/qCAxYQb7LN— Elon Musk (@elonmusk) January 21, 2025