Прашање на месеци е кога ќе биде објавена Генерална вештачка интелигенција (ГВИ), извесно е дека веќе ја има во лабораториите на Опен АИ, а оттука до супер вештачка е сигурност. Трамп триумфално објави инвестиција од 500 МИЛИЈАРДИ долари во нов дата центар во Тексас, авторите најавија лек за било кој рак и било која друга болест, капиталот се слева во водечките компании во милијарди долари бидејќи акцелерионистите ги победија катастрофичарите (Гугл во Дип Мајнд, Микрософт, Оракл и Софт банк во Опен АИ, Амазон и Гугле во Ентропик…). Кина влужува милијарди во роботика, веќе има хуманоиди кои масовно се произведуваат и работат на фабричка лента, чинат колку просечен автомобил…
Сериозните држави се подготвуваат за тектонски потреси во пазарот на работна сила вклучувајќи ги и човековите прави па и социјалните импликации.
Европската Унија (ЕУ) има Предлог-закон за вештачка интелигенција (Закон за ВИ), Етички упатства за доверлива вештачка интелигенција и Бела книга за ВИ (2020);
Соединетите Американски Држави (САД) имаат Нацрт за Повелба за правата во ВИ (Blueprint for an AI Bill of Rights) и Закон за национална иницијатива за ВИ (National AI Initiative Act, 2020);
Австралија има Рамка за етика на ВИ (AI Ethics Framework, 2019), Акциски план за ВИ (AI Action Plan) и Закон за приватност од 1988 (Privacy Act 1988 (Cth));
Индија има Национална стратегија за вештачка интелигенција („#ВИзаСите“ – National Strategy for Artificial Intelligence “#AIforAll”) и Закон за заштита на податоци (Data Protection Bill / Personal Data Protection Bill);
ОЕЦД има Принципи за ВИ (OECD AI Principles, 2019);
УНЕСКО има препорака за етиката на ВИ (UNESCO Recommendation on the Ethics of AI, 2021);
а и Г20 издаде Принципи за ВИ (G20 AI Principles).