Репрезентацијата на Португалија ја победија Германија со 31:30 и се пласираа во полуфиналето на 29. Светско ракометно првенство.
Натпреварот беше решен по дополнителни десет минути, откако основните 60 завршија нерешено 26:26.
За Португалците пласманот помеѓу четирите најдобри е прв на едно големо натпреварување. Досега, ниту еднаш во историјата Португалија не учествувале во полуфинале на Светско или Европско првенство.
Противник на Португалија во полуфиналната фаза, в петок во Осло ќе биде селекцијата на Данска.
Данците во Осло на убедлив начин ја совладаа селекцијата на Бразил со 33:21.
Со оваа победа, Данска ја продолжи серијата од 35 мундијалски натпревари без пораз.
Во првото полуфинале, денеска во 21 часот во Загреб се среќаваат Франција и Хрватска.