ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протестен марш во Скопје в недела од 17 часот кај Универзална сала „Кој е следен?“

February 1, 2025 19:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА

На социјалните мрежи се споделува повик за протестен марш во Скопје утре недела 2.2.2025 година пред Универзална сала, по повод смртта на Фросина Кулакова  која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.

Протестиниот марш е под паролата „Кој е следен?“.

„Ве известуваме дека на ден недела, 02.02.2025, во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала.
Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт.
Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици.
Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:
1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот
2. Недоволна безбедност во градовите
3. Глорификација на девијантно однесување
Алките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат.
Институциите не настапуваат координирано за идентификување на едата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност.
Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот. За крај, од
исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување. Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата.
Со почит,
„Кој е следен?“ стои во објавата на Фејсбук настанот.

Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино

Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Граѓаните на мирниот собир и вчера запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди.

Мирен собир вчера се одржа и во Неготино, родниот град на Фросина. А протест е закажан и за утре во Кавадарци.

Освен Фросина, на 20 јануари 2022 година на пешачкиот премин кај крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ беше прегазена и студентката Викторија Николова, а на 3 април 2015 година студентката Фросина Цековска на пешачки премин кај Универзална сала.

Ј. Ѓ.

Tags: Протестен маршСкопјеФросина
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Шао пелин: школите на весна за комити кои се спремни да умрат за Македонија!

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ова не е крај на патот, САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вели Трамп

August 18, 2025

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk