ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот на граѓаните

February 2, 2025 11:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Маркет. Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

По бојкот за пазарење во маркетите во петокот што за првпат се реализираше во земјава по примерот на Хрватска и други земји во регионот, најголемите трговски ланци забележаа пад на прометот за речиси 50 отсто. Според податоците на Управата за јавни приходи, вкупниот промет во осумте поголеми трговски ланци во земјава бил намален за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок, а за 46,29 проценти во однос на четвртокот. Надлежните институции уверуваат дека инспекторите се на терен и повеќе детали најавуваат за утре.

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека ќе продолжат со мониторирање и анализа, како и навремено информирање на јавноста за сите поважни податоци.

– Податоците од системот за регистрирање на готовински промет  (GPRS), односно регистриран готовински промет во осумте поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година покажуваат дека вчера 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, а во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од  213,985,705 денари, информираа вчера од УЈП.

По примерот на Хрватска и уште неколку држави во петокот во земјава граѓаните се приклучија на повикот од социјалните мрежи да не пазари во маркетите поради високите цени на основните прехранбени производи. Бојкотот го поддржаа и од Владата и дел од политичките партии.

Податоците од Бизнис мрежа покажаа дека седумте најголеми трговски ланци на маркети во земјава во 2023 година оствариле вкупни приходи во износ од 930 милиони евра. На водечката позиција, меѓу нив се маркетите „Веро“ кои заработиле над 10 милиони евра што е речиси 13 отсто повеќе во споредба со претходната година. На второ место се „Кам маркети“ со заработка од 7,3 милиони евра. Меѓу оние со големи профити е и „Кипер“ кој заработил 5,5 милиони евра, а по него е „Стокомак“ со профит од четири милиони евра. Вива-Фреш (поранешен Кит-Го) е со слична добивка како Кипер. Рамстор имал добивка од два ипол милиони евра, а Тинекс 1,4 милиони.

Од Владата, од каде за понеделник најавуваат повеќе детали од направените контроли, сметаат дека решението за високите цени на прехранбените производи треба да се бараат низ дијалог меѓу производителите и трговците и апелираат да се почитува Законот за нефер трговски практики.

Порастот на цените се одрази и на вредноста на минималната синдикална кошничка која во јануари изнесуваше 63.252 денари и кај која има зголемување за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. За само една година минималните трошоци на едно четиричлено семејство се зголемени за 6.089 денари или за 10,63 проценти.

Сите овие показатели, според Сојузот на синдикати на Македонија, се доволен аргумент за зголемување на минималната плата и сите останати плати за што ќе се разговара утре на седница на Економско-социјалниот совет. Премиерот Мицкоски најави дека в понеделник на седницата ќе презентира, како што рече, „вистински цени“ од производи од потрошувачката кошница, бидејќи според него се манипулирало при пресметката од страна на поранешни функционери од СДСМ.

Најновите статистички податоци покажуваат дека трошоците на живот во 2024 година во однос на 2023 година бележат пораст од 3,5 проценти, а цените на мало од 3,8  проценти.

 

Tags: бојкотмаркети
Next Post

Четворица потешко и тројца полесно повредени во две сообраќајни несреќи во Кичевско

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk