ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителство: Вања е грабната во 7:29, Цитроенот запален во 9:30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна

February 3, 2025 16:05
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изведување на видео материјали од безбедносни камери за движењето на возилото  Цитроен на денот на грабнувањето на Вања Ѓорчевска во Дебар Маало, а потоа и заедно со возилото Рено Кангу како се движат низ Визбегово кон селото Бразда каде е запален и потоа како се враќа само реното Кангу назад, низ Чаир кон седиштето на партијата Десна, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во попладневниот дел од денешното рочиште, Обвинителството презентираше видео материјали од комерцијални објекти во Визбегово лоцирани на патот кон Горно Оризари, на кои се гледаат движењата на возилата  Цитроен и Рено Кангу на 27 ноември 2023.

Реното Кангу, во кое има едно лице, на видео од објект во село Визбегово се гледа во 7:49, а пет секунди по него поминува Цитроенот.

На видео од објект за стари возила во Визбегово, во 7:45 се забележува Рено кангуто, а после него по пет секунди поминува и цитроенот.

Двете возила, повторно се гледаат во 7 и 56 часот на видео од објект Метал Груп, плац Визбегово. На видео од куќа во село Горно Оризари на патот кон село Бразда двете возила се гледа како поминуваат во 7 и 59.

Обвинителството презентираше и видео записи, за кои рече се откако е извршено убиството и се движат кон местото на кое е запален Цитроенот.

На видео од прочистителна станица во село Бразда од 27 ноември 2023 година во 9 часот и 8 минути се гледа како поминува Рено Кангуто, а по 11 секунди по него и Цитроенот. На видео од истото место во 9 и 21 се гледа како се враќа само Реното Кангу.

Видео од куќа во село Горно Оризари покажува како во 9 и 36 се издигнува густ црн чад. Обвинителството презентираше и видео запис од објект Евзони во Визбегово од 27 ноември 2023 година, без време, а на кој се гледа како се издига темен густ чад од местото на кое, како што рече обвинителката, е запалено предметното возило.

Обвинителството потоа презентираше видео материјали од движењето на Реното Кангу низ општина Чаир до седиштето на партијата Десна.

На видео од крстосницата на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ со улицата „Ферид Бајрам“ во 9 и 49 се гледа возилото Кангу, во кое има две лица, на возачко и совозачко место.

– Локацијата е бул „Христијан Тодоровски Карпош“ од Чаир према Центар. Во 9 и 50 се забележува како Рено Кангуто се движи со регистарска ознака СК-403 УИ. Може да се забележи дека возилото го управува првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо и на совозачкото Велибор Манев со џемпер со црна лента, појасни обвинителката.

Адвокатот на Љупчо Палевски, на ова видео приговараше дека во возилото не се гледа првообвинетиот Палевски.

Реното Кангу, потоа се гледа на видео од камерите на Сејф сити на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ во 9 и 56 и продолжува кон „Веро Џамбо“. Во 9 и 59 на крстосницата кај Народна банка врти кон „Веро Џамбо“, а во 10:00 се исклучува од бул. „Кузман Јосифовски Питу“ кон седиштето на партијата Десна.

– Ова е истата локација од каде истиот ден возилото во утринските часови тргнува, појасни обвинителката.

Обвинителството презентираше и видео записи од движењето на возилото „митсубиши“ на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како на 27 ноември во 9:14 се движи на мостот кај х. Александар Палас кон Момин поток.  Истото возило во 14:28 поминува на пат од Сарај кон Ѓорче Петров.

Во судница беа презентирани и видео записи од денот на убиството на Панче Жежовски, на 22 ноември 2023 година. На видео од безбедносна камера на куќа на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, се гледа Реното Кангу. Потоа беше прикажан и видео запис од х.Романтик на патото кај езерото Младост, од Велес кон Скопје на кое се гледа како прво во 10 и 40 поминува Реното Кангу, а 40 секунди подоцна и Цитроенот.

Претходно денеска во судница беа презентирани видео записи обезбедени од безбедносните камери на х.Парк, на кои се гледа како возилото „цитроен“ влегува во Дебар Маало, на ул. „Наум Наумовски Борче“, од каде е извршено грабнувањето на девојчето на 27 ноември 2023 година.

Во 6:37 во реално време „цитроенот“ минува на улицата пред хотелот, подзастанува и продолжува кон зградата на Вања. Во 7:29, како што посочи Обвинителството, е всушност времето кога е извршено грабнувањето.

На видео од менувачница на ул. „Наум Наумовски Борче“, се гледа како возилото „цитроен“ во 7:30 се движи кон „Партизанска“. Потоа на видео од Сејф сити во 7:33 се исклучува од „Партизанска“ кон „Рузвелтова“. Во 7:37 кај МИ-ДА се приклучува на бул. „8-ми Септември“, на раскрсницата со „Илинденска“, кон Момин поток. Во 7:42 „цитроенот“ е на мостот кај Александар Палас во правец кон Момин поток.

Судијата Ивица Стефановски, кој го води случајот на почетокот на денешното рочиште рече дека решението е писмено доставено до Палевски, по што се продолжи со изведување на доказите.

Палевски, изнесувајќи го предлогот, пред судот рече дека, прашања на кои обвинителка мора да одговори, се каде е пиштолот сопственост на еден од обвинетите, зошто 421 ден ЈО не го расчистија овој факт и зошто чаурата не ја приложила како доказ.

Неколку членови на политичката партија Десна, пред почетокот на денешното рочиште пред Судот протестираа со транспаренти „ОЈО произведува монструми, не ПП Десна”.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Tags: Вањасудењеубиство
Next Post

Горивата поевтинуваат од половина до 1,5 денари за литар

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk