ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Сè што ветивме на изборите го исполнуваме, треба да му се даде шанса на дијалогот со Софија

February 4, 2025 16:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сето она што го ветиле на изборите во однос на евроинтеграциите многу внимателно го исполнуваат и додаде дека ќе се бори за обезбедување подобра преговарачка позиција за земјава. На процесот на дијалог што треба да се воспостави со Софија вели треба да му се даде шанса, но и оти остануваат на своите ставови во однос на деблокадата на европскиот пат на земјата.

-СДСМ си измислува тези, ги пренесува тие тези и потоа мисли дека на тој начин ќе добие во јавност. Јас сум кажал дека ќе се борам, се ќе сторам за да обезбедам подобра преговарачка позиција од онаа катастрофална која што ја наследив токму од тие кои денеска критикуваат. Но, никогаш не сум кажал и не сум гледал на штоперица како секундант дека тоа ќе го сторам во рамките на првите недели или месеци. Никогаш тоа не сум го кажал. Мојот мандат кој што го добив од граѓаните е четири години, потоа следат нови избори. До граѓаните е дали се задоволни или не од мојата работа како претседател на Владата, тоа ќе го кажат на тие избори. Сето она кое што сме го ветиле ние го исполнуваме многу, многу внимателно и ќе продолжиме да го исполнуваме. Клучните ветувања – подобри плати, повисоки пензии линеарно зголемени, за земјоделците за сето што сме го ветувале ние тоа и го правиме и ќе се бориме сето она што тие го украдоа да го вратиме, а сето она кое што го распродадоа, исто така, да го повратиме. И тоа е моја обврска пред граѓаните и ќе продолжам така да се однесувам како претседател на Владата заедно со сите министри, вели Мицкоски прашан за обвинувања на СДСМ дека не го исполниле предизборното ветување за обезбедување подобра преговарачка рамка со ЕУ.

Во контекст на тоа дека веќе има стабилна политичка Влада во Софија, прашан дали ги контактирале колегите за да се започнат дијалог и што им одговориле, а доколку не кога ќе го направат тоа, тој кажа дека во моментов нема детали што би ги соопштил.

-Кога ќе имаме какви било детали ќе ги споделиме со јавноста. Во моментот немам детали кои што би можел да ги споделам со јавноста кои што би значеле нешто важно, но мислам дека на процесот треба да му се даде шанса. По било која цена немаме намера да одиме со главата во ѕид, по која било цена нема да потпишуваме се што ќе ни биде ставено на маса. Нашите размислувања и политики ги знаете, ние имаме легитимитет од народот и ние мора да го слушаме народот. Политичари кои не го слушаат народот завршуваат многу лошо, рече Мицкоски на новинарско прашање.

За изјавите од бугарското МНР дека нема заедничко чествување на Гоце Делчев со македонската Влада затоа што Владава не го почитувала Договорот за добрососедство, премиерот Мицкоски одговори дека според него прв кој што не го почитува Договорот за добрососедство е токму бугарската Влада во 2019 година.

-Не би рекол дека Владата не го почитува Договорот за добрососедство. Мислам дека прв кој што не го почитува Договорот за добрососедство е токму тогашната бугарска Влада во 2019 година, која наместо да не поддржува одлучи да не опструира ставајќи вето на почетокот на преговорите за нас како држава. Инаку, доколку тие сакаат да го почитуваат и чествуваат ликот и делото на македонскиот великан, идеолог и револуционер Гоце Делчев добредојдени се. Ова е слободна и демократска држава. Секој кој што сака да го почитува ликот и делото на Македонецот Гоце Длчев слободен е да дојде и тоа го направи, јас не гледам никаква пречка во тоа, вели Мицкоски.

 

Tags: Договор со БугаријаНицкоски
Next Post
Скриншот

Во Јужна Африка ќе биде објавен Национален регистар на сексуални престапници

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk