Иако пратеникот и поранешниот спикер и министер за одбрана, Талат Џафери изнесе фрапантни и алармантни податоци за како што рече, систематското исклучување на Албанците од Министерството за одбрана и Армијата, на крајот од вчерашната прес-конференција немаше ниту едно прашање поврзано со наодите и податоците што ги изнесе.
Џафери истакна дека во последните месеци се спроведува дискриминаторска политика при што Албанците се целосно исклучени од клучните позиции, а забележан е и процес на деградирање на искусните офицери.
Политичкиот аналитичар Урим Салиу вели дека кај партиите на Албанците нема црвени линии кога се во прашање интересите на тие што ги избрале, туку само сериски судири меѓу нив.
– Целта на двете страни останува власта. Значи, едната страна сака да остане, а другата да дојде на власт. Ним не им е многу важно што се случува со албанските граѓани кои секојдневно се дискриминирани во добро оркестрирана политика која уште еднаш ги истакнува поделбите меѓу ентитетите и она што им припаѓа со закон и устав, вклучително и застапеноста и правата што треба да бидат еднакви. Албанските интереси и се останато континуирано се деградираат и албанската политика успева да го прикрие тоа преку судири. Едната страна вели дека дошла промената, а другата вели дека дошла дискриминација, изјави Салиу за Фронтлајн.
Според него и партиите на Албанците во власт и тие во опозиција се виновни затоа што ДУИ направила многу отстапки во нивното владеење, а оние на ВЛЕН ја продолжуваат истата политика која веќе не им оди во прилог на Албанците.
Талат Џафери истакна дека во последните месеци се спроведува дискриминаторска политика при што Албанците се целосно исклучени од клучните позиции, а забележан е и процес на деградирање на искусните офицери.
Дестан Јонузи