ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законот за ограничување на патните трошоци поднесен од Левица в среда на собраниска седница

February 9, 2025 10:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за ограничување на патните трошоци што го поднесе Левица, в среда е на Дневен ред на собраниска седница, соопштуваат од Левица.

Левица бара кратење на овие функционерски привилегии, почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците.

Патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите, што создава неверојатна фрустрација кај народот, истакнуваат од Левица.

„Предлогот на Левица е патните трошоци да се пресметуваат спрема пазарната цена на 6,5 литри гориво на секои 100 километри изминати. Сметаме дека ова е далеку пореално и рационално решение, кое ќе биде прифатливо за целиот парламент, а ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет. За Левица одговара и нивно целосно укинување, но за да биде прифатливо за мнозинството, го предлагаме законот во оваа форма.
За потсетување, пратениците од другите партии сега земаат пари за амортизација, за патарини… Пратениците од Левица не земаат патни трошоци, затоа што сметаат дека платите на функционерите се доволно големи за да ги покријат овие трошоци. Од пратеничката група на Левица никој не користи надоместоци за патни трошоци, ниту пак за кирии, иако имаме пратеници и од Гевгелија и од Струга, коишто се на екстремите на Македонија, од каде, всушност, пратениците земаат и по 800.000 денари за патни трошоци. Пратениците од Левица си плаќаат сами кирија во Скопје, од својата пратеничка плата. Апелираме до мнозинството и до власта, на седницата в среда да го усвојат овој рационален закон за ограничување на патните трошоци! Тие средства може да се пренаменат за подобрување на квалитетот на живот на сиромашните и ранливи групи граѓани, како во здравствената, така и во социјалната сфера“, се наведува во соопштението од Левица.

Tags: ЛевицаПатни трошоциСобрание
Next Post

Секој електронски документ, изработен од државен орган, може да се користи во печатена форма како оригинален документ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 2 и Унија на Роми во 1

November 2, 2025

ДИК: Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 62,65%, Амар Мециновиќ 32,16%

November 2, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk